Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Норвешка подготвена да го поддржи финансиски АКМИС системот

0
By НОВА ТВ on November 4, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменикот амбасадор на Норвешка во земјава Геир Јохансен, на работен состанок во Судскиот совет, ја извести претседателката Павлина Црвенковска дека норвешката Влада е подготвена да додели грант со цел да се создаде функционален информациски систем за автоматско управување со судски предмети, познат како АКМИС систем.

Според планот, целиот проект ќе трае неколку години, но искуството на Норвешка покажало дека системот е целосно функционален, безбеден и лесно се управува. Системот е веќе интегриран во неколку држави и Норвешка преку заменик амбасадорот пренесе порака дека позитивните искуства сакаат да ги споделат и во Северна Македонија.

Покрај финансискиот дел, судската управа на Норвешка е подготвена да го помогне и вградувањето на АКМИС-от и да ги спроведе обуките на персоналот кој ќе биде задолжен за управување со системот, преку свои судии, информатичари и други стручни лица со цел македонското судство да биде целосно дигитализирано.

Од страна на претседателката на Судскиот совет, Црвенковска, беше брифирано дека Владата во Буџетот има обезбедено 90 милиони денари за набавка на сервери што ќе се постават во Врховниот суд, но и 20 милиони денари за набавка на техничка опрема за судовите, пред се за опремување на судниците и нагласи дека од суштинска важност е процесот на дигитализација да продолжи со забрзано темпо, затоа што сите реформи во иднина почиваат врз овој процес.

Судскиот совет се соочува со недостатоци на постоечкиот АКМИС затоа што во последната година се донесени низа подзаконски акти кои се однесуваат на обезбедување независно и објективно судството, а чија имплементација зависи токму од надграден и проширен АКМИС систем. Судскиот совет ги усвои Методологијата за квалитативно оценување на судиите, Методологијата за утврдување сложеност на судски предмети, како и други стратегии и планови кои директно ќе го подобрат судскиот систем, ќе ја зголемат одговорноста на судиите, а правдата ќе ја направат побрза и поефикасна. За да започне имплементацијата на овие документи неопходно е да биде воспоставен современ дигитален систем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.