Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 91 случај на ковид-19 од 1.067 тестови од кои 23 се реинфекции.
Најголем број од 91 нов случај се регистрирани во Скопје – 65, потоа во Куманово – осум, во Битола – шест, во Охрид – четири, во Прилеп и во Кавадарци – по двајца, во Тетово, во Велес, во Гостивар и во Штип – по еден.
Регистрирани сe 67 оздравени пациенти од Скопје – 54, од Битола – осум, од Прилеп, од Кавадарци, од Тетово, од Гостивар и од Берово – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.050, бројот на оздравени пациенти е 303.354, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 374.