НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов, но пред сé поинаков Европски парламент

0
By Светлана Јовановска on July 2, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во вторникот, на првата сесија на новиот Европски парламент (ЕП), во моментот кога започна европската химна (“Ода на радоста” од Бетовен), пратениците од евроскептилчната партија на Најџел Фараџ го свртеа грбот за да го покажат своето несогласување со европскиот проект.

Пратениците на францускиот Национален фронт останаа да седат за време на химната а британскиот еврофоб Пол Нутал рече дека европските знаме и химна се “симболи на нашата потчинетост кон политичката унија која британскиот народ ја отфрла”.

За многумина од другите политички семејства ова однесување беше недостојно. Според социјалистот Едуард Мартин “ако не го почитуваат ЕП тогаш нека го напуштат”, рече тој пред новинарите парафразирајќи една позната изјава на Националниот фронт од 1982 година од една кампања против имиграцијата и која гласеше “Франција – или ја сакаш или ја напушташ”. Слоган кој подоцна го употреби Никола Саркози во обид да ги привлече кон неговата партија гласачите на Националниот фронт.

Конституирањето на ЕП, според гласовите на избирачите, покажа дека трета по големина политичка група се Конзервативците и реформистите (ЕЦР) кои не се согласува со европскиот проект. Први и втори се како и досега демохристијаните и социјалистите.

ЕЦР има 70 пратеници од 15 земји членки. Тие се велат дека “еврореалисти”. Според аналитичарите тие се против европска федерација, ја отрфлаат идејата европска интеграција и се евроскептични.

Во ЕЦР најголем број пратеници имаат британските конзервативци (19) од партијата на Дејвид Камерон. Тука се и 17 Полјаци од партијата Право и правда. Во групата влегоа и пратеници од Германија од партијата која бара крај на еврото и Данци и Финци од есктремно-десни партии како и Белгијци од фламанската сепаратистичка партија Н-ВА.

Истовремено социјал-демократот Мартин Шулц беше реизбран за претседател на ЕП за две и пол години со 409 гласа “за” од пристните 612 пратеници. Новиот состав на ПЕ број 751 пратеник. Со новите 100 пратеници од евроскпетичните партии (во претходниот состав ги имаше многу помалку), старо-новиот претседател Шулц изјави дека “оној што не ги почитува правилата на заедничка почит и човечка гордост ќе ме има против него. Тоа нема да го прифатам”.

За време на изборите четирите досега најголеми партии – демохристијаните, социјалистите, либералите и зелените) загубија многу места. Демо-христијаните имаа 221 пратеник, социјалистите 191 и тоа заедно дава слабо мнозинство од 412 места од влупно 751. Тие повикаа 67 либерали за да го зајакнат своите редови. Со тоа овие две групи сакаат да креираат еден вид “санитарен појас” околу евроскептиците за да го спречат нивното дејствување против европскиот проект. Како Британецот Фараџ кој победи на европските избори во Велика Британија и се бори за излегување на неговата земја од ЕУ или италијанските популисти на Пепе Гриљо.

За Џозеф Дол, досегашен претседател на демо-христијаните “ова е поинаков парламент, ако сака да ја сочува својата моќ, сите демократски сили треба да се обединат”, вели тој.

Во ЕП сега има 52 незапишани пратеници од кои половината се од Националиот фронт на Франција кој не успеа да креира своја политичка група. Со тоа партијата ќе има помалку визибилност и помалце европски пари. Сите овие политички партии евроспектици или екстремна десница се ривали едни со други и од тие причини не успеваат да креираат заеднички политички фронт.

За две недели, на 16 јули, ЕП ќе треба да го избере новиот шеф на Европската комисија. За ова место земјите членки го избраа Луксембуржанецот Жан-Клод Јункер. Овој избор ќе биде еден вид тест за анти-европските сили во ЕП.

Сите не се согласуваат со изборот на Јункер. Неговото големо искуство како премиер на Луксембург во текот на 19 години за некои е адут а за други недостаток. Изборот во ЕП ќе биде таен и се оечкуваат повеќе гласови против Јункер, особено од Велика Британија и Унгарија чии што лидери гласаа против него во Советот на ЕУ.

Конечно, од вчера во претседателската фотелја на ЕУ седна Италија. Премиерот Матео Ренци има намера да и даде нов имиџ: “Европа е досадна”, вели тој. И додава дека таа е преплавена од бројки и статистики и нема во себе повеќе душа која треба да и се врати.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.