Настанот се случил денеска околу 2 часот и 10 минути рано изутринава, на локалниот пат во тетовско Теарце.
Имено, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода
Ј.А.(24) и В.А.(20) од тетовско Пршовце и Д.С.(21) од
кумановско Слупчане, кои десетина минути пред тоа на
регионалниот пат Џепчиште-Пршовце не застанале со
нивното возило „фолксфаген голф“ со тетовски
регистарски ознаки, во кое тројцата се превезувале и
се обиделе да удрат еден од полициските службеници.
При нивен и преглед на возилото им биле пронајдени
хашиш, марихуана и спреј-солзавец.
Трите лица се задржани во Полициската станица Тетово за
расчистување и документирање на случајот, по што ќе
се соочат со соодветни поднесоци, информираат од СВР Тетово.