Џабир Дерала: Руската пропаганда успешно се шири во Европа преку мрежи на дезинформации, лажни медиуми и пропагандистички инсталации кои работат, во некои земји во сенка, но во некои и сосма отворено како дел од доминантниот политички, академски и медиумски естаблишмент (Унгарија, Словачка, Србија, Северна Македонија и други). Овие мрежи до максимум ги искористуваат демократските системи, но всушност работат на уништување на демократијата. Преку поддршка на екстремистички и популистички политички партии, Русија создава клима на поларизација и општа несигурност во европските општества. Линк