Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов скандал: Балерина го обвинува Бољшој театар за корупција

0
By Нова ТВ on November 13, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Познатиот руски Бољшој театар повторно го тресат скандали откако Американка која до неодамна беше балерина во Бољшој го обвини раководството дека и биле побарани 10.000 долари за да игра соло точка на сцената, пренесува рускиот весник „Известија“.

Џој Вомак во интервју за весникот трвди дека и покрај потпишаниот договор за солистички настапи, раководството на балетот не и дозволувало да игра соло точки, дека недостапни и биле и хорските изведби, со објаснување дека нејзината игра е премногу индивидуалистичка, пренесува агенцијата Танјуг.

Вомак, која завршила Московска академија за кореографија како прва Американка некогаш, тврди дека сепак постојано и било советувано да си најде сапонзор кој кај управата би се “заложил за неа“ и дека цената на настапот ја дознала откако во Бољшој се вратил уметничкиот директор Сергеј Филин.


Тој неколку месеци отсуствуваше поради тоа што се лечеше од последиците од киселина која му беше фрлена в лице, а во моментов во тек е судење против прима балетанот на Бољшој, Павел Дмитриченко како организатор за нападот мотивиран по одбивањето на Филин да и ја даде улога на девојката на Дмитриченко.


Американката трвди дека човекот, кого одбива да го именува, и рекол дека за една соло варијација во балетот треба да плати 10.000 долари, како и тоа дека и покрај нејзините инсистирања Филин да ја види како игра, тој тоа го одбил.

„Тој ми велеше: не, ти не разбираш, јас веќе знам се. Мене не ме интересира тоа што ти си завршила московско школо, ти само размисли, треба да бидеш полукава“, изјавила Вомак за „Известија“.

Филин моментално не е во Русија – отишол на уште една операција на очите, бидејќи киселината му го оштетила видот, па не бил достапен за контер, објавува „Известија“.

Марина Кондратјева, главен корепетитор на балетот на Бољшој театарот вели дека не е невообичаено тоа што Вомак не добивала соло партии, бидејќи почетниците најпрво играат со другите членови, а таа имала и проблеми при памтењето на чекорите.

Балерината Вомак и покрај тоа што била изложена на корупција вели дека нема да покрене тужба, туку само сака „да заборави на тој лош сон“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.