Македонската дипломатија не ја крие партиската припадост и националистичките тенденции. Овој пат, конзулот на Р.Македонија во Венеција, Италија, Амон Бајрамовски на својата ФБ страница јавно ја презентира картатата на голема Македонија.
Амон Бајрамовски исто така на својот ФБ профил активно се ангажира во промоција на неговата партиска опција ВМРО ДПМНЕ. Објавувањето на картата на голема Македонија е нов повод и аргумент грчките националистички кругови да ја обвинат Македонија за територијални претензии кон Грција.
Еден од главните аргументи на грчката дипломатија за нивното инсистирање за промена на уставното име на Р.Македонија е дека тоа име е израз на територијални претензии,
Дополнително, ваквите јавни активности на македонскиот дипломат се спорни и за нормите на дипломатското дејствување, дефинирани во Виенската конвенција.