Американскиот центар за контрола и превенција на болести ги предупреди Сојузните и локалните здравствени работници на можност од инфекција со новиот смртоносен вирус до кој досега се разболеа 14 лица, а осум починаа.
Вирусот припаѓа на семејството короновирус кои предизвикуваат обична настинка, но и САРС а истражувањата покажуваат дека вирусот може да се пренесе од човек на човек.
Поголем дел од случаите на заразата се случиле на Блискиот Исток, но новата анализа на три потврдени случаи во Велика Британија. Досега ниту еден случај не е забележан во САД.
Симптомите на зараза со новиот вирус се зголемена температура, кашлица и потешкотии со дишењето. Засега ниту Американскиот центар, ниту Светската здравствена организација не објавија предупредувања за патување во земјите кои се споменуваат заедно со овој вирус.