На Јутјуб се појави нова снимка од разговор меѓу Миле Јанакиески и Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ.
Јанакиески му се јавува на Николоски за да го праша за простор во Охрид, а Николоски му одговара дека тоа место веќе е договорено за Нефи.
„Има некој план за Охрид, накај Даљан, Гранит зградите што се..“, вели Јанакиески, а Николоски одговрара „О никако, тоа е од Нефи, овој бандитов, Албанецот, тоа му е дел за избориве“.
Нефи Усеини кои се споменува во снимката е член на Советот во Општина Охрид.
Миле Јанакиески беше министер за транспорт и врски во Владата на Никола Груевски, а Александар Николоски е носител во изборната листа четири на ВМРО ДПМНЕ.