Финансискиот обвинител на Грција, Григорис Пепонис ќе повика претставници на Нова демократија и ПАСОК да ги објаснат големите заеми кои и двете партии ги добиле од неколку банки.
Грчките весници објавуваат дека “Нова демократија” и ПАСОК имаат долгови од околу 250 милиони евра кон неколку банки.
“Нова демократија” има околу 105 милиони евра неисплатен долг на “АТЕ Банката” и 15 милиони евра на банката “Пиреја”. ПАСОК наводно позајмил 97 милиони евра од “АТЕ Банката”, 22 милиони евра од банката Атика”, 10 милиони евра од “Марфин” и 5 милиони евра од банката “Пиреја”.
Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос соопшти дека предлага создавање на петчлен финансиски надзорен одбор кој ќе се справи со сериозните финансии на ПАСОК.