Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова директна линија: Прв лет на авион на „Нордвинд Ерлајнс“ од Москва до Скопје

0
By Sashko on June 4, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авион од типот Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта, попладнево во 16:50 часот пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје со што и официјално е воспоставена директната нова редовна линија Москва – Скопје на која сообраќа руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс“.

Летот траеше 3:25 часа. Директната линија засега ќе се одржува еднаш неделно, во петок, но „Нордвинд“ планира дополнителни два лета неделно, односно авионот Москва – Скопје да сообраќа три пати неделно.

– Ова е прва воздушна линија и директно поврзување меѓу главните градови на Северна Македонија и на Русија по 20-тина години. Почнувајќи од денеска, „Нордвинд“ ќе лета еднаш неделно, секој паток од Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во Москва до Меѓународниот аеродром во Скопје. Со оваа авиолинија ги обновуваме можностите за унапредување на соработката во економијата, инвестициите, туризмот и културните врски меѓу двете земји, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски по слетувањето на авионот.

Тој, како што рече, е убеден дека директната линија Москва – Скопје ќе отвори нови перспективи меѓу двете земји.

– Владата континуирано создава услови за влез на нови авиокомпании кои ќе овозможат поголема мрежа на авиолинии до повеќе дестинации за македонските граѓани, подвлече Бочварски и најави дека многу скоро и авиокомпанијата „Визер“ повторно ќе почне со оперирање на дестинациите кои беа прекинати поради пандемијата, рече Бочварски.

Според него, најавени се летовите до Барселона, Малта, Ларнака, Париз, Осло, Милано, Тревизо и Рим.

– Очекувам дека со постепеното олабавување на мерките од КОВИД пандемијата како во земјава, така и во другите држави во кои имаме воспоставено летови, наскоро ќе го вратиме авиосообраќајот на ниво на кое беше изминатите години кога бележевме рекорден број превезени патници на домашните аеродроми, потенцира министерот.

Отворањето на новата авиолинија ја поздрави и директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак.

– Многу сме среќни што „Нордвинд“ одлучи да почне со летови на релација Москва – Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација по пауза од 20 години. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од огромна корист за бизнис патниците и за туристите, изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак по слетувањето на авионот на Скопскиот аеродром.

Според него, новата авиолинија Скопје – Москва е прва авионска врска со Источна Европа.

– Во време кога авијацијата на глобално ниво трпи од ковид-кризата, влезот на „Нордвинд“ на македонскиот пазар е сигнал дека доаѓаат подобри денови. Се надеваме дека патниците од Русија ќе ја откријат Северна Македонија како нова дестинација за патување, додека Македонците ќе ја искористат можноста да ја посетат Москва, еден од најголемите главни градови во светот со пејзажи како од бајките, богата историја и култура. Летовите меѓу двата града сигурно ќе ги унапредат и деловните односи меѓу двете земји, напомена директорот.

Претставникот на „Нордвинд“, Глеб Богданов напомена дека има голем интерес за новата директна линија Скопје-Москва, а дополнително атрактивен го прави овој лет, како што рече, тоа што во земјава не се потребни визи за руските граѓани. На отворањето на новата авиолинија присуствуваше и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

„Нордвинд Ерлајнс“ авион Македонија Скопје - Москва - Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.