Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА дознава: Осудениот гинеколог Дамчевски избегал од државата

0
By Менче Атанасова Точи on December 5, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 5, 2018 15:32

Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија. Наместо да оди на издржување на казна затвор во траење од две години, пресуда која е извршна, тој им избегал на македонските правосудни органи. Освен казната затвор која Апелациониот суд ја потврди и ја зголеми од 1, 6 месеци на 2 години, Дамчевски има и забрана за вршење на дејноста во траење од 8 години.

Додека македонските правосудни органи и МВР се уште проверуваат каде е, НОВА го пронајде во Бугарија каде слободно работи како гинеколог во државниот Медицински центар „Мајчин дом“. Таму Дамчевски слободно закажува термини и прегледува и лекува пациентки.

НОВА во потрага по Дамчески, за да провери дали навистина работи во Медицинскиот центар закажа термин за преглед, преку бугарска државјанка, која се приклучи на нашата истрага. Но, договорениот термин, за  денеска(среда) во 9 часот и 20 минути, не се реализираше, бидејќи беше само потврда дека Дамчевски навистина работи и прегледува таму.

И покрај тоа што Лекарската комора на РМ, му ја одзема лиценцата за работа, тој успеал да се вработи вработи како гинеколог-акушер во една од најзначајните здравствени установи во Софија, Медицински центар за мајчинство со амбулантска медицинска нега, каде се нудат консултации со специјалисти од Универзитетската болница “Мајчин дом ” и доколку е потребно се упатува на болничко лекување во Универзитетската болница.

Таму ординираат еминентни специјалисти во една ретка област како што се детска и адолесцентна гинекологија, се вршат набљудувања и третмани на неврохормоналната регулација на менструалниот циклус, се прави третман на дефекти во развојот на сексуалниот систем, превенција на болести поврзани со абнормални полови хормони.

Фото: Дел од професионалната биографија на Николче Дамчевски, на веб страната на болницата

Но, не е само ова, осудениот гинеколог Дамчевски станал и член на Лекарскиот сојуз на Бугарија. НОВА контактираше со надлежните во Лекарскиот сојуз од каде што ни потврдија дека од 2018 година тој е нивен член.

„Кога се зачлени кај нас донесе документ,( потврда дека има лиценца за работа и дека е член на Лекарска комора на РМ) од 17 март 2016 година, како и потврда дека не е осудуван од 10 август 2018 година. Со овие документи тој може да работи и да стане наш член“, потврдија за НОВА во Лекарскиот сојуз на Бугарија.

Во бугарскиот Сојуз на лекари беа шокирани од информацијата дека нивен  член е осуденик и дека не смее да се занимава со дејноста. Од таму очекуваме повеќе информации како ќе постапат во случајот.

Но, она што загрижува и во исто време шокира, е што македонските правосудни органи и МВР немаат контрола, ниту поим каде се наоѓа Дамчевски и дека избегал од државата.

НОВА од МВР, веќе трет ден чека одговор дали знаат каде се наоѓа македонскиот државјанин Дамчевски кој треба да оди на издржување казна затвор секој момент.

Во Апелациониот суд пак, кој ја потврди пресудата од Основен суд 1, велат дека за Дамчевски немало одредено посебни мерки на претпазливост бидејќи тоа не го побарал Основен суд 1, односно тоа не го побарал јавниот обвинител.

„Имавме само жалба за висината на казната и за забраната за вршење на дејност. Од првостепениот суд требало да побараат такви мерки на претпазливост, ние тоа не го одредуваме“, изјави за НОВА Сафет Кадри, портпарол на Апелационот суд.

Според пресудата, гинекологот Дамчевски е виновен за тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување исправа. Тој пред судот ја призна вината и за двете дела, Несовесно лекување и Фалсификување на медицински документи.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.