Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА го објавува интегрално фрацускиот нон пејпер за иднината на проширувањето на ЕУ

0
By Нова ТВ on November 16, 2019 ВЕСТИ
Фото: euractiv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 16, 2019 11:35

Франција испрати таканаречен „нон-пејпер“ до земјите-членки на ЕУ, барајќи „обновен пристап“ во процесот на проширување кон земјите од Западен Балкан. Исто така, од Европската комисија се бара до јануари 2020 година да објави нова методологија во процесот на пристапување, што ќе се применува при започнување на пристапните преговори со земјите кандидати.

Во продолжение го објавуваме интегрално тексот на нон пејперот кој Франција го достави до ЕК и земјите членки на ЕУ:

Ние ја реафирмираме нашата  поддршка  за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија кои припаѓаат на Европа, врз основа на нивната историја, култура и географија. Поблиските врски со Европската унија се единствениот начин овие земји да се консолидираат како држави засновани на владеењето на правото и отворените и плуралистички општества, да го обезбедат нивниот економски и социјален развој, да им овозможат на младите перспектива и да промовираат помирување меѓу народите. Поблиските врски меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан и нивното ефективно пристапување кон ЕУ откако истата ќе се реформира и се направи поефикасна и поодговорна за своите земји-членки и земјите кандидати, ќе ја направи и Европа посуверена и по обединета.

Дваесет години по признавањето на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, и покрај преземените реформи и преземените храбри чекори за помирување (како што е Договорот од Преспа), потребните длабоки политички, економски и социјални трансформации нужни за идно пристапување во Европската унија се одвиваат премногу споро  и се уште без  конкретните придобивки за граѓаните во земјите кандидати .

Затоа, e неопходно да се обновни пристапниот процесот кој ќе ги подржи  земјите од Западен Балкан со конкретни мерки во однос на реформите потребни за целосно усогласување со принципите на владеењето на правото и генерално за примена на европското законодавство.

Овој пристап треба да биде придружуван од силна посветеност на Европската унија со цел да им помогне да се спротивстават на бројните и сложени предизвици поврзани со нивниот економски и социјален развој, да имаат контрола на надлежностите во однос на нивната територија и можат да се соочат со нивните миграциски и безбедносни предизвици.

1.Обновениот пристап треба да се заснова на 4 принципи: Постепено пристапување, строги услови, материјални придобивки, реверзибилност на процесот

-Преговорите треба да се организирани околу поглавја на политики, во кои постепено ќе се вклучуваат земјите-кандидати;

– Строги услови, се со цел ефективно приближување кон европските норми и стандарди на долг рок, во областа на владеењето на правото, но и економската и социјалната компатибилност;

– Конкретни придобивки во текот на овој процес (кои во моментот недостасуваат и не ги превенираат миграциските движења, што претставуваат проблеми за обете страни), особено преку зголемена финансиска поддршка;

-Реверзибилен процес за да се обезбеди неговиот кредибилитет и стимулативната негова природа.

Овој нов пристап ќе се заснова и на засилено политичко управување.

1.1 Преговорите треба да се организираат на начин кој ќе овозможи постепен пристап до политиките и програмите на Европската унија

а) Процесот на пристапување би бил постепен и поттикнувачки:

– Штом ќе се отворат преговорите, процесот на интеграција повеќе нема да се заснова на истовремено отворање на голем број тематски поглавја, туку на неколку последователни фази, кои би формирале кохерентни блокови на политики и шема претходно воспоставена од ЕУ, земајќи ги предвид специфичните карактеристики на секој кандидат

– Завршувањето на преговорите што соодветствуваат на секоја фаза кај земјата преговарач, ќе отвори можност да учествува во програми на ЕУ, да се вклучи во одредени секторски политики и, кога е соодветно, да има корист од одредени таргетирани финансиски инструменти;

-За да се премине во следната фаза, државите треба ефективно да ги почитуваат строгите критериуми, што ќе овозможи да се усвои законодавството на ЕУ, но и ефективно да се имплементира во рамките на учеството во дадената политика;

– Владеењето на правото и фундаменталните права ќе останат клучен услов од моментот на отворањето на преговорите, како што е предвидено , во рамките на стратегијата на  „новиот пристап“ утврден во декември 2011 година и ќе остане така во сите делови во текот на целиот процес.

-Конечната цел ќе биде целосно пристапување

б) Редоследот на отворање на постепените фази треба да обезбеди веродостојна рамнотежа помеѓу способноста на земјите кандидати да ги користат, придобивките што ги очекуваат овие земји од нивното учество во овој  процес и потребата да се зачува интегритетот на Унијата и нејзините политики.

На пример, поврзувањето со инструментите на дигиталната агенда (роаминг, дигитална Европа, итн.) Или учество во Европската програми на истражување и програмите LIFE + и Креативна  Европа може да се испланира за раната фаза на процесот. Вклучувањето во банкарската унија или во Европската потерница би можело да се предвиди во средна фаза, додека пристапот до внатрешниот пазар ќе биде подобро да се остави кон крајот на процесот.

1.2 Строги услови

Критериумите за преминување од една фаза во следната фаза ќе бидат детално утврдени, со што ќе се овозможи потврда на усвојувањето, како и ефективно и одржливо спроведување на законодавството во однос на одредена политика, и главно ќе се заснова на одржлив, неповратен напредок од областа на владеењето на правото. Од земјите-кандидатки ќе се бара да ги прилагодат своите институционални и административни капацитети на потребата за ефикасно учество во различните политики. За конечното пристапување ќе се одлучува врз основа на исполнување на видливи економски и социјални цели.

Овие критериуми ќе бидат проследени со индикатори кои ќе бидат лесно и објективноверификувани. Тие би можеле да бидат налик на индикаторите утврдени од Европската унија (табела за оценки за правда, Европски семестар за време на последните фази на процесот) и други меѓународни организации (Совет на Европа, вклучително и Венецијанската комисија, ГРЕКО и комитетот за Манивал; ОЕЦД; Светска банка ), но сепак нив ќе ги поставуваат и ќе ги оценуваат само институциите на ЕУ.

1.3 Материјални придобивки

Покрај придобивките од постепеното учество во политиките на ЕУ, би можела да биде обезбедена и зголемена финансиска поддршка. Таа може да произлезе со зголемување на средствата од претпристапниот инструмент, но исто така може да се разгледа и можноста земјите кандидати да се квалификуваат за користење на структурните фондови. Земјите-кандидатки би можеле да добијат дел од структурните фондови за кои би биле квалификувани кога ќе станат членки во Европската унија, врз основа на постепено зголемување според фазите што ги завршиле и реформите што ги спровеле. Барањата за подобност за овие фондови треба да се однесуваат само на овие земји и на земјите-членки на Европската унија, за да избегнат негативни надворешни влијанија.

1.4 Реверзибилен пристап

Треба да се воспостави принцип на реверзибилност со цел да се решат ситуациите кога земјата-кандидатка, во целост или делумно, веќе не исполнува одредени критериуми или ќе престане да ги исполнува преземените обврски.

Одговорот на Европската унија би бил постепен. Тој би бил пропорционален со големината и сериозноста на забележаниот неуспех: од суспендирање на придобивките, до чекор наназад во процесот, или дури и општа суспензија ако се оспорат основните вредности на Европската унија (како што може да се случи во тековниот процес).

2- Посилно политичко управување

Ќе се воспостави специфично управување за поддршка на овој нов процес. Комисијата ќе го оценува и редовно ќе го следи напредокот постигнат од земјите кандидати, вклучително и нивната усогласеност со законодавството на веќе оценетите фази. Земјите-членки ќе ги разгледаат овие проценки. Улогата на Советот ќе се зајакне, бидејќи земјите-кандидатки се повеќе ќе бидат вклучени во секторските политики.

Конечно, во контекст на ваквиот став за подобра комуникација помеѓу самитите на Берлинскиот процес и самитите ЕУ-Балкан, може да се одржи годишна средба на Европскиот совет со шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан, со цел да се одговори на прашањата од заеднички интерес (заедничка реакција на главните предизвици, односи со не-европски партнери, соработка во областа на правдата и внатрешните работи, економската и регионалната соработка).

Предлагаме она што Советот го бара од Комисијата да го формулира врз основа на горенаведените точки, предлози за дефинирање на новиот метод (организација, процедури за донесување одлуки, механизми за набудување, улогата на различните европски институции и земји-членки) да биде објавено пред следниот пакет за проширување, до јануари 2020 година.

Овој ревидиран пристап кон процесот на пристапување ќе се одрази и ќе се спроведе во рамки на преговорите, за што Советот ќе биде повикан да го усвои при започнување на пристапните преговори со земјите кандидати.

Владата за францускиот нон пејпер: Важно е што крајната цел е членството во ЕУ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.