Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА истражува како Пустец стана Центар

0
By Сашка Цветковска on April 19, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Снимката на старецот од Пустец, односно Центар кој за малку ќе излеташе од возилото додека неговиот шофер набрзина бегаше од камерата на НОВА беше и една од највознемирувачките.

НОВА истражуваше чиј е овој автомобил. Автомобилот во полиција е регистриран на адресата Партизанска 18, влез број два, стан број два на името Влатко Камчев. Случајно или не, на истата адреса живее и Борис Камчев, координатор на средношколската унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.

Младиот Камчев не одговораше на повиците за да ни раскаже како се случи семејната кола да ги развозува новите сограѓани од општината во која и тој живее.

Чии беа автомобилите е едното прашање, но чии се становите на кои се издадени личните карти е другото важно прашање.

На некои од адресите се сместени дури и државни институции. Како на пример Илиндеска 63. Тука е сместена Државната комисија за жалби и поплаки по јавните набавки. Горниот спрат од куќата е руиниран и напуштен и тешко е замисливо дека жителите регистрирани овде успеале да докажат во МВР дека тие навистина живеат овде.

На списоците е и зградата број 18 на улицата Васил Ѓоргов. Во станот број 69 живееше Ѓунер Исмаил со семејството. Јавното претпријатије за стопанисување со станбен и деловен простор му го одзема општествениот стан на Исмаил во 2011 година веднаш по изборите, за што семејството води и судски спор кој се уште трае. Ова е само една од адресите во општина Центар на која во предизборниот период лични карти добија стотици луѓе од Пустец. Сите луѓе се регистрирани во избирачкиот список. И ова е општествен стан.

Директорот на јавното претпријатије за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов отфрла секаква вмешаност на претпријатието во врска обвинувањата на опозицијата дека ова се општествени станови.

„Јавното претпријатије не учествува во таквите проекции и отфрламе секакви шпекулации дека ние сме дел од тоа. Сите договори за закуп на претпријатието може да се проверат и да се види дека се е јасно и согласно процедурите и законите. МВР е одговорно за издавање лични карти.

-Ако ви доставиме адреси на станови вие ќе одговорите кои се, а кои не се во сопственост на јавното претпријатие? Пратете, ќе видиме дали може да ви одговориме, вие верувам ги познавате законите”, ни одговори Грозданов.

Во МВР одговори немаат, освен тој дека секоја лична карта е издадена согласно процедурите, а ако ние сакаме да ни одговорат конкретно за одредена лична карта да бараме написмено и доколку законот дозволува ќе одговорат.

„СДСМ обвини луѓе дека се граѓани од Пустец на адреси во Скопје. Ние потоа откривме дека тие се студенти на размена од Турција. Да, повеќе луѓе имаше на адресата, двајца беа студенти, ама беше дојден и таткото на еден од студентите. Не би можел да кажам на кој факултет студираат, ама ќе проверам и ако најдам ќе ти кажам”, вели Иво Котевски во разговор со НОВА.

Според процедурите и законите објавени на веб страницата на МВР, за да добиете лична карта треба да пријавите живеалиште. За да го направите тоа, треба да имате докази дека тоа е ваш стан или пак да приложите договор за закуп, но и да ја докажете вашата намера постојано да престојувате во земјата, односно потврда дека сте вработен, потврда дека децата ви посетуваат училиште во местото каде пријавувате живеалиште или докас дека сте сопственик на фирма во Македонија и слично.

И директорот на јавното претпријатие и портпаролот на МВР не упатија во обвинителството доколку имаме докази и се сомневаме дека некоја лична карта е издадена надвор од процедурите.

Во видеото погледнете го целиот прилог, а подолу прочитајте го процедурите на МВР објавени на нивната веб страница за тоа како се пријавува живеалиште во Република Македонија.

КАКО И КАДЕ ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВАМ СВОЕТО ЖИВЕАЛИШТЕ?
* КАКО: Треба да ги поднесете следниве документи:

1. Барање (кое ќе го добиете бесплатно во Министерството за внатрешни работи).

3. Доказ за Вашата намера постојано да престојувате во Република Македонија (ова може да биде прикажано на повеќе начини, на пример потврда дека сте вработени, потврда дека децата ви посетуваат училиште во местото каде што го пријавувате живеалиштето, доказ дека сте сопственик на фирма во Република Македонија итн.)

4. По службена должност се прибавува препис од матичната книга на родените,

5. Обезбеден вселив стан:

• Документ дека станот е Ваша сопственост или пак договор за закуп на стан во согласност со закон, заверен кај нотар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.