Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА Консалтинг: Работодавците бараат идеални кандидати – млади, а стручни

0
By Нова ТВ on May 6, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наместо за време на студиите, маката на студентите во Македонија започнува откако тие ќе дипломираат. Потребата од стручност како услов за вработување кои ја наметнуваат работодавците создаде нужност кај младите за доквалификација по завршување на студиите. Забрзано расте процентот на млади кои наместо своето образование да го продолжат во насока на магистерски студии, тие избираат своето CV да го збогатуваат преку тренинг обуки од нивната област. А не е мал бројот и на тие кои преку сртучни тренинг обуки целосно се преквалификуваат од она што дотогаш го учеле.

ДАЛИ НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ИМА ТЕНДЕНЦИЈА ДА ГО ЗАМЕНИ ФОРМАЛНОТО?

Верица Тодорова, инаку финансов менаџер во “Мусала Софт”, ова прашање го образложи од аспект на млад кадар кој се стреми кон подобро работно место, но и од аспект на работодавец.

“Работам како финансов менаџер во “Мусала Софт”, ИТ компанија. За да стигнам до оваа позиција, мојот кариерен пат се состоеше од надоградување на моето работно искуство, но истовремено и надоградување на моето знаење. Паралелно посетував магистерски студии и тренинг обуки во Нова Консалтинг и Едукација.

На прашањето каква корист имав од стекнатото знаење од формалното наспроти неформалното образование, одговорот е многу едноставен.

Она што сме го научиле за време на конвенционалните студии е само темел врз кој допрва треба да се градат циглите. Градењето на нашата личност се чини дека е исто како градење куќа. Знењето стекнато на факултет се нашите цврсти темели, но она што ќе не изгради во личностите кои сакаме да бидеме, е контиунираното надоградување на тоа знаење.

По завршување на формалното образование се соочуваме со предизвикот за економска независност и пронаоѓање на сопствено место во општеството. Во динамичниот свет во кој што живееме, овој процес бара од нас упорност, жртвување, вложување во сопствени капацитети, лична и професионална надградба.

Тренинг обуките се тие кои ги развиваат нашите практични вештини кои буквално веднаш можеме да ги примениме во работата и да постигнеме подобри резултати. И тоа е нешто што денес работодавците го бараат.

Како менаџер сум имала можност да спроведам многу интервјуа за работа, па од искуство ќе кажам дека пазарот на кадри во Македонија има сериозна потреба од стручност и практични вештини за примена на знаењето што кандидатите го имаат” вели Верица.

РАБОТОДАВЦИТЕ БАРААТ ИДЕАЛНИ КАНДИДАТИ- МЛАДИ, А СТРУЧНИ!

Од Нова Консалтинг и Едукација, центар за финансиски обуки, велат дека бизнис конкурентноста во Македонија наметна потреба од млади, но стручни кадри.

КАКО ДО ПОЛЕСНО ВРАБОТУВАЊЕ, НО И ПОДОБРО РАБОТНО МЕСТО?

Групите за обуките за Сметководство и финансии се полни со тукушто дипломирани економисти во стремеж кон вработување. Напредните обуки пак се однесуваат на примена на законите и завршна пресметка, тие се наменети за поискусни економисти кои се стремат кон подобро работно место.

Речиси во секоја група досега сме имале примери на учесници кои се вработуваат за време на обуката или пак се унапредени, и можам да кажам дека тоа ни е најголем мотив тимски, но и поединечно да работиме со секој учесник.

Обуките се така организирани да преку практична работа тие буквално веднаш можат да го применат знаењето. Многу од нив бараат да работат и дома, па тоа им го овозможуваме со бесплатниот софтвер кој им го даваме“ вели Кристина Тилиќ, сопственик и предавач во Нова Консалтинг и Едукација.

УПИСИТЕ ВО НОВА КОНСАЛТИНГ И ЕДУКАЦИЈА СЕ ВО ТЕК

ОБУКА – ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ ВО СМЕТКОВОДСТВО, ДАНОЧНО ЗАКОНОДАВСТВО И КОНТРОЛА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

13.05.2019 понеделник /среда /петок (од 17:00 до 19:50)

18 дена (72 школски часа )

Работа на реални проекти, компјутер за секој уцесник, работа со користење на софтвер за финансово и материјално работење почнувајчи од првиот ден, користење на истиот софтверот за работење дома, контрола на знаење со преку 28 тестови и комплетно сметководство на 3 питот фирми

БЕСПЛАТЕН СОФТВЕР СО ЛИЦЕНЦА ОД ЕДНА ГОДИНА, ПРИРАЧНИЦИ  ПОПУСТ од 20% до 40%

Информации

тел. 078 383 053, (02) 3 22 00 54

https://www.novakonsalting.mk/smetkovodstvo-primena-na-danochno-zakonodavstvo-i-kontrola-na-fi

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.