Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА не и се извинува на Јана Станисаљева од МПМ

0
By Сашка Цветковска on April 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утрово до редакцијата на НОВА пристигна писмена реакција од страна на отпуштената новинарка од „Утрински весник“ Анета Блажевска во која таа бара да објавиме извинување до МПМ,издавачот на весниците „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, и до директорката на МПМ Јана Станисављева. НОВА внимателно го прочита извинувањето до МПМ и директорката и со полно разбирање за ситуацијата во која претпоставуваме дека се наоѓа колешката Блажевска одлучивме да го објавиме истото, но со мало дообјаснување со оглед на тоа дека интегритетот и веродостојноста на информациите кои ги објавуваме се доведени во прашање.

Блажевска во извинувањето до нив вели вака:

-Им се извинувам јавно на МПМ и Јана Станисављева за нешто што не сум го кажала.

-Имено Станисављева ми прати барање за извинување и јавно повлекување на „Изјава со клеветничка содржина“ која наводно сум ја дала за порталите НОВА ТВ , Локално , Либертас , Бриф и Плус Инфо во која стои: „Шокирана сум, директорката на МПМ, преку СМС ми даде отказ од Утрински затоа што добила тужба од битолскиот градоначалник Владимир Талески“.

-Категорично тврдам дека ваква изјава не сум дала. Единствено стојам зад изјавата дадена на ТВ Телма на 02 04 2014 за што постои и видео запис.
Се извинувам што без моја вина, непрецизното преземање на мојата изјава ви предизвикало непријатности, пишува Блажевска.

НОВА не објавила текст во кој се тврди дека Блажевска добила отказ по СМС порака, ниту пак во текстот на НОВА се содржат речениците „Шокирана сум, директорката на МПМ, преку СМС ми даде отказ од Утрински затоа што добила тужба од битолскиот градоначалник Владимир Талески“, Во текстот на НОВА со наслов „На чија совест ќе оди отказот на Блажевска“, НОВА пренесува дека новинарката била отпуштена преку електронска порака. Оваа информација ни ја даде лично Анета Блажевска во телефонски разговор со дописникот на НОВА од Битола и Прилеп, Зоран Милошески. НОВА поседува записи од разговорите, како и СМС со преписките со Блажевска во кој таа искажува пофални зборови за текстот на НОВА. Нашата редакција и стои на располагање на колешката во секое време да ја провери веродостојноста на нејзините изјави.

Исто така, сакаме да истакнеме дека НОВА се обиде да стапи во контакт и со младата директорка на МПМ Јана Станисаљева. Нејзината секретарка вети дека Станисављева ќе не побара, но тоа не се случи. НОВА проба да стапи во контакт и со главната уредничка на „Утрински Весник“ Соња Крамарска, но таа не одговори ниту на повиците ниту на СМС пораките. Жалиме за пропуштената можност на Станисављева да ја раскаже и нејзината страна на приказната, како и пропуштената можност на уредничката да објасни во какви околности е даден отказот и дали таа застанала или не застанала во одбрана на новинарот.

НОВА жали и за ситуацијата во која се наоѓа новинарката Блажевска, но нема да дозволи излезот на нејзините проблеми со поранешниот работодавач да се „кршат“ врз грбот на нашата редакција. Доколку колешката посакува едноставно да ја повлече изјавата која веќе ја дала за НОВА, тоа ќе го сториме.

Информациите кои НОВА ги објавува се во духот на професионалното и независно новинарство и, оттука, жалиме што првата реакција за наводна клевета од постоењето на НОВА доаѓа токму од колега чија приказна ја пренесовме. НОВА верува дека во иднина колегите ќе смогнат сили и храброст да ги издржат притисоците и да застанат во одбрана на слободното новинарство и личниот и професионален интегритет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.