Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА откри каде се матичните клетки од поранешната болница „Св. Лазар“

2
By Менче Атанасова Точи on May 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Семејствата кои оставиле на чување матични клетки во поранешната болница„Св. Лазар“, а за тоа имаат валидни договори има можност да ги пронајдат. Но, оние кои немаат документи и сметки, а платиле за услугата , пронаоѓањето ќе биде потешко. Според информациите до кои дојде НОВА дел од матичните клетки се наоѓаат во објектот каде што порано беше сместена оваа болница, а дел во Бугарија. Дали таму има и јајце клетки кои биле донирани, како и ембриони допрва треба да се покаже.

Откако НОВА ја отвори приказната, го откри скандалот за гинеколот и почна да истражува каде се матичните и јајце клетките на тие што донирале, утринава од Бугарија од поранешните сопственици на болницата  пристигнале списоците  со евиденција на сите што потпишале договори за периодот од 2009 та до 2014 та година. Извори за НОВА потврдуваат дека има и такви кои немаат договори за чување,  но матичните клетки постојат. На кого семејствата чии деца се родиле таму тие ги давале парите, дали во тоа е вовлечен гинекологот за чие работење и малверзации постои истрага, останува да се види.

Сега е потребно сите семејства кои беа загрижени за судбината на матичните клетки што ги оставиле на чување за своите деца да се обратат во истиот објект каде што беше сместена поранешната болницата Св. Лазар“, а потоа и „Моја болница“. Со овие две пропаднати болници раководел гинекологот Никола Дамчевски за кого е покрената кривична пријава од пациентка бидејќи девет месеци ја манипулирал и лажел дека е бремена, а при тоа и давал непотребни лекови штетни по здравјето.

Од сознанијата до кои дојде НОВА за половина од матичните клетки кои с е чуваат замрзнати во течен азот кои се наоѓаат во објектот кој се наоѓа во населбата Ѓорче Петров нема податоци, адреси или телефонски броеви. Дознаваме дека податоците за нив ќе мора мануелно да се обработат бидејќи не постои медицинска документација. Но, она што е фрапантно е  дека при преземање на болницата податоците во сите компјутери биле избришани заедно со медицинската документација, фискалните сметки и начинот на плаќање на пациентите, веројатно тенденциозно.

Прашањето за матичните клетки и јајце клетките кои биле донирани се отвори по серијата обвинувања од пациентки и сопружници кои го обвинија гинекологот  за манипулации при Ин витро оплодувањето, како и за тоа дека им земал пари, а не им издавал фискални сметки. Една од жените кои донирала јајце клетки излезе пред камерата на НОВА и праша дали каде се нејзините јајце клетки, дали можеби некаде има потомство. Поголем дел од нив кои немаат медицинска документација и докази дека плаќале за скапите услуги најавија дека ќе се појават како сведоци во истрагата. Од тие причини и Јавното обвинителство најави дека ќе ја прошири истрагата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.