Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА открива што содржи предлогот на Нимиц

0
By Борјан Јовановски on April 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Горна Република Македонија е името кое ќе го замени ФИРОМ во наредните најмалку 7 до 8 години колку што ќе траат преговорите за членство во ЕУ, стои во најновиот предлог за решение на името до чии детали дојде НОВА од дипломатски извори инволвирани во преговорите.

Предлогот на медијаторот Метју Нимиц предвидува името Горна Македонија да се користи додека траат преговорите за членство, а откако ќе завршат граѓаните на Македонија на референдум ќе треба да се изјаснат по две прашања; дали се за членство во ЕУ и за прифаќање на името Горна Република Македонија. Позитивниот одговор на ова прашање ќе значи дека Горна Република Македонија станува и уставно име веднаш штом земјата стане членка на ЕУ.

Ова е накусо резимето на најновиот предлог околу кои се доближија двете страни во преговорите, велат извори за НОВА. Процесот би требало да се реализира во неколку фази:

-Двете страни даваат согласнот за компромисното решение. Во случајот тоа е Горна Република Македонија, предлог на кој инсистира македонската страна наспроти желбата на Грција географската одредница да се наоѓа пред Македонија, а не пред Република, односно Република Горна Македонија. За возврат, Грција добива гаранции дека името ќе биде внесено во уставот.

-Двете страни се откажуваат од разговори околу тешките идентитетски прашања околу називот на нацијата и јазикот. Штом ваков договор биде постигнат, Горна Република Македонија влегува во употреба секаде каде што сега се користи ФИРОМ.

-Грција дозволува Македонија со ова име да влезе во НАТО и да започне преговори за членство во ЕУ. За возврат, Македонија во Уставот внесува амандман во кој пишува “Од денот кога Република Македонија ќе стане членка на Европската Унија меѓународното име на земјата ќе биде Горна Република Македонија и ќе се употребува erga omnes на сите јазици, освен на официјалните јазици на земјата”.

Ваквата одредба во Уставот ќе треба да ја потврдат граѓаните на Македонија по завршувањето на предпристапните преговри со ЕУ на референдум на кој ќе се изјаснат во исто време дали се за членство во ЕУ и прифаќање на името Горна Република Македонија.

Што се однесува до таканаречните идентитески прашања тие ќе се регулираат во рамките на ЕУ, каде што Македонија како земја членка во иднина ќе го развива својот идентитет. Како што е познато, секоја земја членка официјалниот јазик во рамките на институциите на ЕУ го внесува во оригиналниот назив на официјалното писмо кое таа го користи. На пример, бугарскиот јазик во телата на ЕУ се води како български или грчкиот е еλληνικά.

Во согласнот со оваа пракса, официјалниот јазик на Горна Република Македонија како членка на ЕУ би бил македонски. Употребата на македонски во кирилична верзија за грчката страна не претставува проблем бидејќи таквата употреба се реферира на словенското потекло на јазикот.

Грција, онаму каде што сака, атрибутот македонски ќе го користи во грчката негова верзија македонос која подразбира хеленско потекло.

Во текот на преговрите со ЕУ на основа на ваквиот договор би се решавале и други детали не помалку важни за двете страни а повразни со употребата на атрибутот македонски.
Ова се основите на најновиот предлог за кој во моменотв се разговара, тврдат извори инволвирани во преговорите. Во текот на наредните денови можни се и измени доколку двете страни се согласат околу нив. Во текот на овој месец, а најдоцна до средината на идниот, Македонија и Грција ќе треба да ги дадат конечните одговори дали се согласуваат околу оваа структура на компромисот или не.

Овој предлог на медијаторот Метју Нимиц е изработен со поддршка на администрацијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а во консултации со преговарачките страни, како и со влијателните меѓународни фактори како САД и други држави.

За основите на овој предлог во септември минатата година се консултирани премиерот Груевски како и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Се проценува дека ова е поволен момент Атина и Скопје да го прифатат компромисот. На Атина и е потребно подобрување на имиџот на меѓународната полтичкја сцена пред превземањето на претседателството со ЕУ во јануари 2014 додека пак Македонија се наоѓа на крстопат на кои треба да го избере правецот кој е од суштинско значење за иднината на државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.