Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова рунда разговори МПЦ ОА – СПЦ, Синодот воздржан

0
By Mirjana on May 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никој не е против средби и разговори, но изненадува брзината со која минатата недела во Ниш дошло до контакт на претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и на Српската православна црква (СПЦ), изјави за НОВА, познавачот на односите меѓу двете цркви Бранко Ѓорѓевски, потврдувајќи притоа, дека според негови сознанија, за средбата сепак имало амин и од Вселенската патријаршија.Коментирајќи ја изјавата на Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј дека начелно веќе е договорено канонско единство и дека требало да се реализира веќе на Соборот на СПЦ, во мај, Ѓорѓевски вели: дилемите што се отвараат се дали под канонско единство се подразбира единство под плаштот на СПЦ или е нешто што би водело до засебен автокефален статус на МПЦ-ОА, што би било единствено прифатливо вели тој.

„За вакви решенија треба да биде информиран поширок круг од владици, верници, па конечно и граѓаните.Никој нема против средби и разговори но некој треба да објасни што значи тоа канонско единство кое отвора многу дилеми кои бараат аргументирани одговори бидејќи влогот е голем, вели Ѓорѓевски

НОВА го контактира и портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Владиката дебарско-кичевски Тимотеј. Ни рече дека тој не знаел ништо за средбата во Ниш, ниту кој бил таму ниту пак дали ќе заседавал Синодот, а вели штом има написи за тоа, сигурно дошло до средба на одредени владици за кои јас не знам.

Од информации на НОВА, дознаваме дека утре (вторник) , за оваа тема ќе заседава синодот на МПЦ-ОА а во недела на 15 мај, Синодот на СПЦ.

Изненадната средба за повеќе мина отвора многу дилеми и се во очекување со какво образложение ќе излезе македонскиот синод по утрешната седница. Факт е вели Ѓорѓевски, дека вселенскиот патријарх Вартоломеј на наши претставници им сугерирал да ги затоплат односите со СПЦ. Но, сепак она за што постои дилема е дали за автокефалниот статус на МПЦ-ОА ќе решава само Вселенска патријаршија, како што подолго време се коментираше во црковно-земските кругови, или за тоа Томосот треба да го аминува СПЦ.

(М. Трпческа)

 

 

 

 

 

 

 

 

МПЦ ОА И СПЦ ГО ВОЗОБНОВИЈА ДИЈАЛОГОТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.