Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова трагедија во Србија: Осуммина убиени и 13 ранети во вооружениот напад кај Младеновац

0
By Соња Крамарска on May 5, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синоќа пред полноќ во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишниот У.Б. уби осум, и повреди 13 луѓе.

Нападот почнал во селото Дубона, кога младиот човек почнал да пука од автомобил во движење со автоматска пушка, а потоа пукал и во селата Мало Орашје и Шепшин.

По полициската акција за потрага по осомничениот, насловена „Вихор“, во која учествуваа повеќе од 600 припадници на МВР, уапсен е сторителот Урош Б. кој и претходно имало пријави за насилство.

Ранетите се пренесени во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Белград, клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“ и општата болница „Свети Лука“ во Смедерево.

Двајца од оперираните во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ се во животна опасност, осуммина од Ургентниот центар во Белград се стабилни, додека четворица починаа во Смедерево, две лица се пренесени во Белград, а три се оперирани.

Вооружениот напад во Дубона е второ масовно злосторство во изминатите три дена во Србија откако во средата, на 3 мај, во утринските часови, тринаесетгодишен ученик од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ со пиштол уби осум ученици и еден чувар, а рани седуммина.

Напаѓачот во синоќешниот случај наводно влегол во конфликт со децата и затоа пукал, вели сведок од Дубона за порталот Нова.рс. Почнал да пука од Дубона, а потоа посетил уште две села. Убиен е полицаец кој се обидел да го спречи. Убиена е и сестрата на полицаецот.

Мештаните на Дубона велат дека таткото на напаѓачот бил полковник и дека напаѓачот „било добро момче”.

„Не бил проблематичен, секогаш изгледал како мирно и добро дете. Татко му дошол овде за Велигден и купил свиња“, раскажува локален жител за Курир. Татко му наводно работи во Белград, на висока позиција во војската.

Во викендицата што ја користел убиецот е пронајдено поголемо количество оружје и муниција, а се е одземено, јавува Блиц.

Во Дубона кај Младеновац е убиен полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19) и Д.Т.(25) Во друга област Смедерево починал М.М. (18), Н.С. (21), Л.М. (20), Н.М. (15) и А.М. (18).

 

Србија убиство кај Младеновац
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.