Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова вонредна состојба во Токио во пресрет на почетокот на Олимпијадата

0
By НОВА ТВ on July 12, 2021 СПОРТ
Фото: bwint.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градот домаќин на Олимписките игри – Токио денеска воведе нова вонредна состојба, на помалку од две недели пред почетокот на Олимпијадата, поради веројатноста дека новите мерки ќе можат да помогнат да се спречи зголемувањето на случаите со КОВИД-19, објави Ројтерс.

Минатата недела, организаторите објавија дека на гледачите нема да им биде дозволено да присуствуваат на скоро сите спортски настани, со што замреа надежите дека Олимпијадата ќе стане масовен спектакл.

Присуството на гледачи од странство беше забрането уште пред неколку месеци, а сега владините претставници бараат Јапонците да ги следат Олимписките игри на телевизија.

„Ги замолуваме луѓето да ги поддржуваат спортистите од дома“, изјави владиниот претставник Кацунобо Като. Олимписките игри, кои минатата година беа одложени поради пандемијата, ќе траат од 23-ти јули до 8-ми август, а вонредната состојба, која е четврта за Токио, ќе е на сила до 22-ри август, непосредно пред почетокот на Параолимписките игри.

Властите и организаторите веќе долго време гледаат на Олимписките игри како можност да го демонстрираат закрепнувањето на земјата од разорниот земјотрес од 2011 година и нуклеарната катастрофа.

Некои од големите имиња во спортот, како тенисерите Рафаел Надал, Серена Вилијамс, Стен Вавринка, Доминик Тием и Симона Халеп веќе објавија дека нема да се натпреваруваат на Олимпијадата, а светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ изјави дека сè уште не е донесена конечна одлука дали да учествува во игрите.

Јапонија ги избегна страотните бранови на пандемијата што ги доживеаја другите земји и досега регистрираше вкупно 815.440 случаи на КОВИД-19 и скоро 15.000 смртни случаи од инфекција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.