Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира за 110 случаи на ковид-19 во последните 24 часа од направени 894 тестови.
Новите се случаи се регистрирани во Скопје – 72, во Битола – осум, во Куманово – шест, во Кавадарци, во Штип и во Неготино – по четири, во Кочани – три, во Прилеп и во Гостивар – по два, во Струмица, во Кичево, во Струга, во Ресен и во Богданци – по еден. Осумнаесет меѓу нив се реинфекции.
Регистрирани сe 42 оздравени пациенти од Скопје – 34, од Кочани и од Охрид – по двајца, од Кавадарци, од Штип, од Тетово и од Гевгелија – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.074.132 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.