Кривичниот совет на судот денеска го продолжи притворот на новинарот Томислав Кежаровски за нови 30 дена поради, според нив, опасност од бегство. Денеска претпладнево советот заседаваше и одлучуваше за притворите откако обвинителството вчера подигна обвинение за случајот „Ликвидација“.
>>Јавните личности со поддршка за Кежаровски
>>СЕЕМО: Притворот на Кежаровски го вклучи алармот
>>Новинарите од Србија бараат ослободување на Кежаровски
Новинарот Кежаровски веќе трет ден штрајкува со глад во Шутка во знак на протест поради неговото држење во притвор. Иако истрагата заврши, тој трет месец е зад решетки. Неговото семејство понуди и недвижен имот како гаранција, но залудно.