Пет автомобили бомби експлодирале во претежно шиитски градови и окрузи во централниот и јужниот дел на Ирак, убивајќи 25 цивили, додека 97 биле повредени.
Полицијата вели две од бомбите експлодирале во градот Амара, каде што загинале 15 луѓе, а 45 биле повредени.
Една од двете бомби била активирана близу полициската станица а другата близу маркет.
Во градот Диванија една од бомбите експлодирала близу ресторан додека автомобилот бил паркиран,од која четири цивили биле убиени додека 25 биле повредени.
Неколку часа подоцна, уште еден автомобил-бомба експлодирал во почитуваниот шиитски град Карбала, каде што загинале уште тројца, а повредени биле 12.
Автомобил-бомба, исто така, одекнала во шиитското соседство во инаку претежно сунитскиот град Махмудија, јужно од Багдад, при што загинале три а повредени биле 15.
Експлозиите во понеделникот се последните од серијата напади во Ирак.