Убиени се шест цивили и тројца проруски активисти по нападите на украинските сили во крајно напната ситуација во Доњецк, пренесуваат светските медиуми цитирајќи претставник на „Доњецката Народна Република“. Уште 18 други се повредени.
Градските власти соопштуваат дека центар на борбените активности се Кијевскиот и Кујбишевскиот реон, пренесува украинската агенција УНН.
Според властите во Доњецк, проектилите погодиле две трансформаторски станици во северниот дел на градот, оставајќи без струја уште 37 други подстаници.
Од 11 септември наваму, по судирот помеѓу украинските сили и проруските активисти, загинаа над 3 500 луѓе а уште 8 000 се повредени.
Во источниот дел на Украина, пронајдена е масовна гробница. Лоцирана е по само неколку дена откако мисијата на ОБСЕ утврди постоење на три масовни гробници, пренесува „Раша Тудеј“.