Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20, според извори од болниците во Газа, јавува Ал Џезира.
Според истите извори, дури 14 жртви загинале додека се обидувале да стигнат до хуманитарна помош, во услови на зголемен недостиг на храна и други основни средства за живот.
Палестинската самоуправа и хуманитарните организации го обвинуваат Израел за спроведување политика на гладување, што дополнително ја влошува хуманитарната криза во опколената област.
Според Ал Џезира, израелската страна не дала никакво соопштение во врска со најновите наводни напади.