Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови фасади во Центар – 1/3 поевтини сметки

0
By Нова ТВ on July 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и директорот на „Хабитат“ Македонија Зоран Костов, денеска потпишаа Меморандум за обновување на фасадите.

Овој проект е во рамките на ветената обврска на Жерновски од предизборието за енергетска ефикасност на Општина Центар.

На јавниот повик се пријавија 32 колективни станбени згради кои обезбедиле прелиминарна согласност за промена на прозорците и балконските врати од најмалку 70% од сопствениците. Во првата фаза ќе се менуваат фасадите на 15 објекти. Ќе се задржи првобитниот облик на фасадите, освежен со нови бои, без притоа да се менува нивниот надворешен изглед. Оние згради кои не влегуваат во оваа бројка, автоматски конкурираат за наредната година.

„Од буџетот на општина Центар ќе се потрошат за оваа намена 11 милиони денари. По реконструкцијата, заштедата ќе биде 1/3 од сметките за греење“, рече градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Зоран Костов, директорот на „Хабитат“ Македонија, посочи дека со овој проект се заштедува енергија од 25 до 39 %.

„Ова е значајно за енергетскиот биланс на земјата. Во Македонија има 11.000 станбени згради, одамна изградена и без енергетска ефикасност. Со ваков проект може да се обезбеди инвестициски циклус од 300 до 400 милиони евра. Ќе има можност за „зелени“ работни места, што ќе значи и намалување на бројот на невработените“, рече Зоран Костов.

Во рамки на реализацијата на проектот Општина Центар самостојно презема обврска со свои средства да изврши реконструкција на фасадите на избраните станбени згради, за која цел, специјализиран изведувач избран од страна на Општина Центар, ќе постави фасада со термичка изолација на зградата согласно постоечките стандарди за енергетска ефикасност на станбените згради.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.