Пет нови земјотреси од кои најсилниот на пет минути по полноќ со јачина од 3.8 степен по Рихтер и уште два од по 3 степени се почувствувани Охрид од ноќеска досега.
Кризниот штаб 24 часа е на терен. Досега се испратени 22о пријави од граѓани со оштетени објекти. Комисијата ги утврдува штетите и понатаму ја испитува стабилноста на објектите и потенцира дека се издржливи и тестирани за многу посилни земјотреси.
Но и покрај препораките голем дел од граѓаните со денови не престојуваат во своите домови. Денеска и воениот камп во Св Наум ги отвори вратите и понуди бесплатно сместување за Охриѓани кои имаат големи оштетувања но и оние кои поради страв сеуште не сакаат да се вратат дома.
Тлото под Охрид се тресе од 18 ти јуни. Во епицентарот во селото Скребатно поставена е и нова сеизмолошка станица која ја следи состојбата и ја утврдува причината постојаните потреси кои до денеска достигнаа бројка од над 1000. Најсилниот беше во понеделникот во 13:18 минути со јачина од 5 степени.

