Во Нови Сад денеска напладне почна протестниот марш на универзитетските наставници, истражувачи и студенти „4.000 наставници, 4.000 чекори“, пренесува Бета.
Студенти, наставници и граѓани се собраа на Академијата за уметности и одржаа 15-минутен молк за жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица на 1-ви ноември.
Студентите и професорите на Медицинскиот факултет организираа посебна поворка за да се сретнат со наставниците и колегите кои ги чекаа на Академијата за уметности.
Учесниците носеа големи транспаренти „Сите штрајкуваат“ и „Професорите се со вас“, и скандираа „Оставка или затвор!“, „Нема да не газите!“, „Генерален штрајк!“ и „Образованието во штрајк!“.