Булеварот Михајло Пупин, кој води до Варадинскиот мост е полн со луѓе, речиси до зградата Бановина. Граѓаните оставија премин за да имаат студентите каде да поминат. На овој пат тргнаа и студенти од Универзитетот во Нови Сад, каде ги пречекуваат своите колеги од Белград.
Бранот студентски протести со барање одговорност за уривањето на настрешница на 1 ноември во Нови Сад, при што тешко беа повредени две лица, постојано се шири, повеќе од два месеци.
Студентите од белградските факултети кои се во блокада, од четвртокот наутро се упатија пешки од Белград до Нови Сад, со цел да им дадат поддршка на новосадските колеги во блокирањето на сите три моста во тој град, одбележувајќи три месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад при што загинаа 15 лица.