Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови санкции од ЕУ за Русија

0
By Нова ТВ on July 26, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија денеска објави дека ги проширува санкциите кон Русија, поради нејзината улога во конфликтот во Украина. Со новите санкции е погоден врвот на руските разузнавачки служби, јавува Дојче веле.

Директорот на Федералната безбедносна служба на Руската Федерација (ФБС), Александер Бортников, и шефот на Странската разузнавачка служба на Руската Федерација (СВР), Михаил Фрадков, се само некои од имиња на листата од 15 лица на кои им е забранет влез во ЕУ. На црната листа се најдоа и 18 компании и организации.
На листата се најде и чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Вкупно сега на листата се наоѓаат 87 луѓе и 20 компании или организации.
Бортников и Фрадков се членови на рускиот национален совет за безбедност и ЕУ смета дека „тие се вклучени во обликувањето на политиката на руската влада со која се загрозува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“.
Кадиров, пак, „даде изјави на поддршка за нелегалната анексија на Крим и за поддршка на вооружениот бунт во Украина“. Чеченскиот лидер „изрази подготвеност да испрати 74.000 чеченски волонтери во Украина“, ако тоа биде побарано од него.

Меѓу компаниите погодени со санкциите се наоѓаат фирми со седиште во Крим – украинскиот полуостров што во март беше анектиран од страна на Русија.
Новата листа на ЕУ треба да биде финализирана во вторник и, како што информираат анонимни дипломатски извори, на неа би можеле да се најдат и олигарси блиски до рускиот претседател Владимир Путин. Санкциите во однос на лицата и фирмите објавени денеска стапуваат во сила веднаш, информира агенцијата ДПА.
Членките на ЕУ се подготвуваат следнава недела да воведат и економски санкции, во однос на пристапот до финансиските пазари, продажбата на оружје, енергетска технологија, како и технологија која има двојна – цивилна и воена, примена.

ЕУ сака да ги воведе новите санкции откако официјален Вашингтон обвини дека малезискиот авион, кој леташе на линијата МХ17, бил соборен од страна на проруските сепаратисти на истокот на Украина со ракета од руско производство, се вели во информацијата на Дојче веле.

Извор: Дојче веле на македонски јазик

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.