Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарите го бојкотираат законот за медиуми

0
By Сашка Цветковска on April 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Новинарите ја бојкотираа расправата за новиот закон за медиуми која денеска ја организираше Министерството за информатичко општество во домот на АРМ.

Причините за бојкотот, според претседателот на здружението е комплетната нетранспарентност во постапката на носење на законот, како и одбивањето да се учествува во расправа која трае прекратко без новинарите да имаат увид што има во законот, но и нивното невклучување во подготовките на законот.

“Тие сакаат законот да го донесат во кратки рокови и тоа за нас е неконструктивно. Ние бараме најмалку 5 до 6 месеци расправа во која ние ќе бидеме вистински вклучени. Сакам да ве потсетам дека во рамките на дијалогот што го имавме со Владата тие не си стоеја на договореното.
-Тие превземаа обврска пред работната група на ЗНМ да дојдат и да го објаснат законот, но тоа никогаш не го направи, а во текот на овие две години на два пати се обврза дека ќе го објави законот за медиуми, но и тоа не се случи и ние нема да им даваме легитимитет”, изјави Насер Селмани од Здружението на новинари.

Запрашан дали се точни информациите дека претставници на Европската комисија вршеле притисок врз Здружението да земе учество во расправата токму пред доаѓањето на еврокомесарот за проширување Штефан Филе најавено за утре, Селмани дипломатски одговори дека ним им е јасно кажано дека не можат да се надеваат на нивната поддршка.

“Ние на претставниците на Европската комисија и на сите странски амбасади во Скопје им објаснивме дека сме многу заинтересирани да учествуваме во оваа дебата, но дека инсистираме на минимум услови за да може тоа да личи на дебата. Ако вие сметате дека ова што денес се случува е дебата во услови кога зборуваат за законот, а ние уште не го знаеме законот, тогаш проценете сами”, одговори Селмани.

“На дебата на која што освен Здружението на новинари, ниту една друга медиумска организација, медиуми или новинар не е поканет, ние сметавме дека е неопходно да станеме и симболично да покажеме дека не сакаме да учествуваме во фингирање на дебата за закон за кој никој не знае што содржи.
-Се работи за закон кој треба да регулира од односи во редакцијата до статуси на новинари и на новинарството, па не може да помине зад грбот на медиумските организации и зад грбот на нас новинарите. Затоа сметавме дека со заедничката изјава на сите медиумски организации и со присуството на колегите новинари тука денеска, покажавме дека нема да дозволиме да учествуваме во лажирање на нешто што се нарекува дебата,” објаснува претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис.

Пред почетокот на расправата, новинари и претставници на Здружението на новинари, Синдикатот на новинари и медиумски работници, Македонскиот институт за медиуми и Центарот за развој на медиуми се појавија во Домот на армијата каде ги делеа летоците во кои информираат за причините поради кои се решени да го бојкотираат законот за медиуми.

Министерот Иво Ивановски беше и единствениот кој одби да го земе летокот на новинарите, најпрво од претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, а потоа и од новинар кој го следеше до масата и кој му го нудеше летокот кој ги објаснува причините поради кои фелата се реши на бојкот. Во моментот кога Ивановски седна за да ја отвори расправата, новинарите станаа и си заминаа.

Од еснафските организации Министерството за информатичко општество единствено го покани ЗНМ, кои се придружија на бојкотот. На расправата присуствуваа претставници на странските амбасади, Советот за радиодифузија, Агенцијата за електронски комуникации и други. Новинари од државната агенција МИА, Јавниот сервис МРТВ и дневниот весник Нова Македонија останаа на расправата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.