Порталот „Сакам да кажам“ објави информација дека на нивната новинарка Соња Делевска во саботата на куќна адреса и била доставена покана од полиција да се јави на разговор во полициската станица „Беко“, врз основа на добиена поплака од раководителка на Министерството за правда за напишан текст од страна на Делевска.
Како што се наведува во текстот, иако од страна на полицијата и било укажано на раководителката/пријавителка во случајов, дека не се надлежни и дека таа област е од делокругот на граѓанското право, сепак по нејзино инсистирање, новинарката била повикана со образложение дека полицијата мора да постапува по секоја пријава од граѓанин.
„Ова е прв случај за напишан текст МВР, иако не е надлежно, да повикува новинар на разговор. Впрочем, и на службениот разговор денеска, тоа го потврди надлежниот полицаец/инспектор, се наведува во текстот по повод овој случај. (М.Т.)