Томислав Кежаровски-Кежо, новинарот кој е во притвор веќе два месеци, од понеделник ќе штрајкува со глад, потврдува за НОВА неговата сопруга Марина Кежаровска.
И покрај тоа што истрагата е завршена, со што тој не може да влијае врз сведоци, како што беше образложенено, тој се уште е во притвор. Не помогнааа ни гаранциите со недвижности кои ги понуди неговата сопруга.
Ако не се стретне со судијката денеска до 12 часот, која го води процесот против Кежаровски, дека тој ќе започне да штрајкува со глад.
>>ЕУ со загриженост го следи случајот Кежаровски
Невладините организации побараа фер судење за новинарот, а Народниот Правобранител на почетокот на вовј месец објави дека по посета на притворениот новинар заклучиле дека тој се наоѓа во лоша психичка состојба, ускратено му е правото на излез на чист воздух и задоцнета достава на платен дневен печат.
>>Правобранител: Наместо 2 часа Кежаровски 20 мин. на воздух