Томислав Кежаровски-Кежо, новинарот кој е во притвор веќе два месеци, од денеска штрајкува со глад, потврди за НОВА неговата сопруга Марина Кежаровска.
>>Кежаровска: Живеам во страв за Томислав
И покрај тоа што истрагата е завршена, со што тој не може да влијае врз сведоци, како што беше образложенено, тој се уште е во притвор. Не помогнааа ни гаранциите со недвижности кои ги понуди неговата сопруга.
„Го молев тоа да не го прави тоа, но тој ми рече дека доколку во петок не ме ослободат, јас ќе штрајкувам со глад“, потресена и загрижена вели во разговорот за НОВА Марина Кежаровска, сопруга на приведениот новинар Томислав Кежаровски.
Постојано ми ги повторува зборовите: „Јас сум невин, патот ми е во рајот“, раскажува Кежаровска. При непријатните посети преку затворското стакло чести биле зборовите: „Чувај го детето за мене не се грижи“ и велел Томислав на Марина.
За неа е нејасно зошто и покрај тоа што истрагата е завршена, со што Кежаровски не може да влијае врз сведоци, како што беше образложено во обвинителниот акт, тој се уште е во притвор.
ЕУ со загриженост го следи случајот Кежаровски, невладините организации побараа фер судење за новинарот, а Народниот Правобранител на почетокот на вој месец објави дека по посета на притворениот новинар заклучиле дека тој се наоѓа во лоша психичка состојба, ускратено му е правото на излез на чист воздух и задоцнета достава на платен дневен печат.