НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарството на Запад е мртво и погребано

0
By Нова ТВ on March 22, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Минативе шест недели видовме стотици нови блогери и „медиумски аналитичари“, повеќето од нив анонимни, без потребните квалификации или или професионална биографија што може да се провери, а сите со агенди, видливи дури и за малите деца, на кои безмалку пишува „хендлери“. Од друга страна, никој од нив не именува или наведува извори ниту има вистински пристап до инсајдерски информации.

„Тие“ имаат една цел, да го подријат влијанието и кредибилитетот на вистинското независно новинарство и да го „разводнат“ вистинскиот труд, преплавувајќи ги сите поштенски сандачиња со неосновани обвинувања, гласини и чисто безумие.

Новинарството е мртво – не е само рането или повредено; а мршата одамна му е изгниена. Процесот почна тогаш кога „медиуми од поп културата“ почнаа да се потпираат на соопштенија за медиумите и „мрсните“ плати намесно на истражувачкото новинарство.

Митологија, догма и пропаганда, бескрајни неосновани будалаштини на владините лажачи стануваат „потврдени“ како факти, како единствена вистина, единствените „теории на заговор“ што не се „безумни и опасни“.

Неуспехот да се разбере која било приказна, не само настаните од 11 септември или Војната против теророт, туку и Иран и Арапската пролет, војната во Сирија, сега веќе и војната во Мали, ништо од нив не е разбрано, за ништо од нив не е известено и никој ги нема поставено прашањата „кој“ или „зошто“.

Оттаму, среднострујашките (мејнстрим) или „поп-културните“ медиуми умреа, а на нивно место останаа отворените алтернативни мрежи како Прес ТВ (Press TV) и „Русија денес“ (Russia Today). Проблемот, сепак, е во тоа што постојат барем 5000 други такви, што се кријат зад други, „прокси“ сајтови на интернет, активисти без историја на активизам, нестручни „експерти“, колумнисти чии мислења и ставови прават сѐ друго само не едуцираат.

Некогаш одамна, знаевме од каде ги добхиваме вестите. Репутациите значеа нешто; новинарите го учеа својот занает на терен, Едвард Р. Мароу (Edward R. Murrow), Волтер Кронкајт (Walter Cronkite), па дури и Питер Џенингс (Peter Jennings). Знаевме кои се Дејвид Фрост (David Frost) и Џон Камерон Свејз (John Cameron Swayze).

Новинарите можеа да ги обвинат владите дека лажат, се спротивставуваа на претседателите, новинарите беа искустни, непоткупливи и им верувавме. Се сеќава ли некој на Хелен Томас (Helen Thomas)?

Појавата на алтернативните вести за „мека продажба“ – Аријана Хафингтон (Arianna Huffington), Мет Драџ (Matt Drudge) или Ендрју Брајтбарт (Andrew Breitbart), опортунисти што си ја продадоа душата за ефтини пари сега се мерило за стандардите. Комбинацијата на таблоиден разврат, озборувањата на славните, теориите на заговор, карактерната дискредитација и завиениот говор ги заменија истражувањето, фактите и одговорноста.

Денес се смета за безумно и лудо да ги нарекуваме информациите „вести“. Вестите се роба – „ве молам да ми дадете половина килограм заплашување со конфискација на личното вооружување од граѓаните и неколку парчиња „прикриен социјализам“.

За секој вистински „свиркач“ денес имаме дузина такви лажни, платени „извори на официјални информации“. Каква е типичната „биографија“ на „шок џок“ (shock jock, радио водител кој користи мелодраматичен или провокативе речник кој е навредлив за поголем дел од неговата публика) кој води некако „подкаст“ или на еден „блогер/разоткривач“? Повеќето од нив лежале затворски казни. Никој од нив не бил официјално вработен подолго од три месеци. Во биографиите сами се опишуваат како „консултанти“ или „административни помошници“.

Повеќето од нив имаат претходна историја на сексуална злоупотреба, било да биле злоупотребени или самите да злоупотребувале, пред сѐ деца. Некои публикации дури успеаја да се префрлат во печатените медиуми, како што е „Вилиџ војс/Бекпејџ“ (Village Voice/Backpage). Тоа про-ционистичко издание ги користи првите страни за напад на оние што ги нарекува „анти-семити“ а ја користи последната страна (“Backpage”) за продажба на киднапирани деца во сексуално ропство.

Ова што следи е извадок од една статија на Николас Кристоф (Nicholas Kristof) објавена во Њујорк тајмс (New York Times) во 2012 година:

“Алиса вели дека макроата рутински ги нуделе нејзините услуги преку „Бекпејџ“. ‘Не можете да купите дете во Волмарт, нели?’, ме праша. ‘Не, но можете да одите на Бекпејџ и да ме купите мене.’

“Според Групацијата АИМ (AIM Group), консултантска компанија за истражување на медиумите, Бекпејџ покрива околу 70 проценти од огласите што нудат проституција објавени на пет веб-сајтови што објавуваат такви огласи во САД, и од таквите огласи заработува преку 22 милиони долари годишно. Бекпејџ во моментов е водечки вебсајт за трговија со луѓе во САД, според Националната асоцијација на јавни обвинители. И тоа не е операција што се одвива под закрила на ноќта. Бекпејџ је сопственост на Вилиџ војс медија (Village Voice Media), компанијата што го издава и ценетиот весник Вилиџ војс (Village Voice).

“Јавните обвинители од 48 сојузни држави (во САД) побараа, во заедничко писмо до Вилиџ војс медија, да излезе од трговијата со човечко месо. Онлајн петицијата организирана на Change.org собра 94,000 потписи на барањето до Вилиџ војс медија да престане да прима огласи што нудат услуги на проституција. Компанијата одговори со исмевање на своите критичари преку Вилиџ војс. Алиса размислуваше да дозволи употреба на нејзиното вистинско име во оваа статија, но се премисли од страв од можниот одговор на Вилиџ воис.

“Судските архиви и јавните службеници ги потврдуваат наводите на Алиса и постојат многу докази дека сексуални услуги од малолетни девојки се нудат преку Бекпејџ. Во 22 сојузни држави такви случаеви резултирале со полициска акција и апсења на вмешаните.”

Со кого или што е во спрега Вилиџ војс медија? Некои луѓе се изненадени од одговорот а не би требало да бидат. Нивната порака е идентична со пораката на Сојузот против клеветата (Anti-Defamation League (ADL) и Правниот центар за сиромаштија на Југот (на САД). Тие ги поддржуваат и напаѓаат истите луѓе, и користат потполно ист јазик.

Сличните на нив на интернет е безмалку невозможно да се избројат. Еден анонимен вебсајт води до ИП адреса која во минатото се одредувала и како „бела супремацистичка“ и како „про-ционистичка“. Тие не очекуваат дека некој ќе пребарува што се крие за слепите прокси сајтови или “whois” (Кој е?) сајтот за пребарување на интернет.

Телефонски броеви, ИП и физички адреси, имиња за контакт, сите тие информации водат до вистинските идентитети на „аналитичарите“ и стручњаците за „глобални прашања“ на интернет што седат по гаќи во изнајмени сопчиња и чекаат од „техничкиот консултант“ да им помогне да направат дузина нови идентитети за да можат да ги полнат одделите за коментари на вистинските новинари со нивниот отров.

Постојат решенија. Првиот чекор е да сфатиме, еднаш засекогаш, дека корпоративните медиуми се целосно контролирани, да ги повикаме на одговорност и тоа не само поради недостигот на објектиновси туку и поради долката историја на соучесништво во криминални активности, воени злосторства, масовна измама, пропаганда, расизам, поттикнување на општествени и верски судири, шпионажа, па дури и тероризам.

Секоја публикација, телевизиска или радио емисија, подкаст или дури и интернет сајт што очигледно е под контрола на еден единствен етницитет, политичка опција, религиозна или друга агенда треба да биде означен со истото предупредување за корисниците што се става на кутиите со цигари.

“Оваа емисија/филм содржи ставови што претставуваат расистичка пропаганда и се опасни за политичката, општествената и менталната добросостојба на гледачите. Се што доаѓа од Холивуд треба да носи такво предупредување.

Што се однесува до „блогерите на интернет“, во моментов постои движење со барање да се воспостави систем од сертификати за оние што можат да докажат дека навистина постоја и пишуваат врз основа на вистински извори на информации, стручност или искуство на полето на општествениот или политичкиот активизам. „Забранет е пристап на наемници“.

Гордон Даф (Gordon Duff) е поранешен маринец, ветеран од војната во Виетнам каде се борел како дел од Морнаричката пешадија на САД, и е Виш уредник во изданието Veterans Today. Неговата професионална кариера вклучува и големо искуство во областа на меѓународното банкарство, како и работа како консултант за борба против востанија, одбрамбени технологии. Работел и како дипломатски претставник на ОН, во хуманитарни акции и на полето на економски развој. Гордон Даф има патувано во повеќе од 80 држави. Неговите статии се објавени во целиот свет и преведувани на бројни јазици. Редовно се појавува на ТВ и радио и е популарен и понекогаш контроверзен гостин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.