Сте го искусиле ли чувството дека сите околу вас на работното место се нестабилни; дека испадите на колегите се чести и непредвидливи? Ако да, тогаш многу е веројатно дека работите во една од професиите која привлекува најмногу психопати, како на пример новинарството.
Според неодамнешната книга оксфордскиот психолог Кевин Датон со наслов “Мудроста на психопатите: што можат светците, шпионите и сериските убијци да не научат за успехот” тој тврди дека психопатските особини или атрубити се многу почести кај бизнис лидерите отколку кај криминалците, што е вообичаено мислење на јавноста – атрибути како што се површен шарм, егоцентричност, желба за доминација и наредување, недостаток од емпатија, изразена независност и фокусираност.
Во еден пост за книгата, авторот и блогер во Хафингтон Пост Ерик Баркер вели дека професиите со висока стапка на психопати нудат моќ и бараат објективна и клиничка способност за носење одлуки лишени од секаква емоција. Додека, пак, професиите во кои има најниска стапка на психопати бараат способност за човечка емпатија и поврзаност, повеќе се занимаваат со емоциите и не нудат моќ.
Еве ги професиите, кои според истражувањето, односно книгата на психилогот Датон се во топ десетте кои привлекуваат најмногу психопати.
1. Извршен директор
2. Адвокат
3. Медиуми (телевизија/радио)
4. Продавач
5. Хирург
6. Новинар
7. Полицаец
8. Свештеник
9. Готвач
10. Државен службеник
А ова се професиите со најниска стапка на психопатија
1. Негувателка
2. Медицинска сестра
3. Терапевт
4. Занатечија
5. Козметичар/Стилист
6. Работник во добротворни организации
7. Наставник
8. Креативец
9. Лекар
10. Сметководител