Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот македонски филм „Врба“ вечерва премиерно пред домашната публика

0
By Нова ТВ on November 1, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шестиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски вечер ќе има македонска премиера истовремено во Скопје, Битола, Охрид и Штип. Официјалната премиера за домашната публика ќе биде во Филхармонијата од 20.30 часот, а премиери во Скопје ќе има и во кината „Милениум“ и „Синеплекс“ со што почнува и редовното киноприкажување на филмот.

Светската премиера беше на 19 октомври во официјалната селекција на Филмскиот фестивал во Рим. „Врба“ е филм е а лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната приказна се случува во 17 век, а другите две се современи. Тие се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга.

Според режисерот Манчевски, секој филм создава свет и гледачот го сака филмот ако успее да влезе во него и ако тој некаде го однесе.

-Тој свет може да биде реалистичен и денешен, како што е дел од филмот, а може да биде средновековен или од друго минато време. Интересно е да откриваш колку биле различни, а исти луѓето од тоа време и колку тоа што ние го знаеме како историја е, всушност, некоја романтизирана фикција. Тоа е една од убавите придобивки во правењето ваков филм, рече Манчевски на прес-конференција по повод македонската премиера.

„Врба“ ќе има две верзии – машка и женска и на публиката ќе и бидат понудени двете (машката верзија ќе се прикажува во „Милениум“, а женската во „Синеплекс“). Но тие не се разликуваат многу и, како што рече режисерот, „Врба“ не е ни женски, ни машки филм, туку е филм за луѓе.  Не откри која од двете верзии ќе биде прикажана на официјалната премиера во Филхармонијата.

Филмот е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија. Се снимаше лани во октомври и ноември во Мариово, Преспа, Трескавец и во Скопје. Веќе има покани за фестивали, продукцијата „Банана-филм“ е во преговори со партнери за продажба кои ќе обезбедат дистрибуција и понатамошен живот на филмот.

Во актерската екипа се: Наталија Теодосиева, Сара Климоска, Камка Тоциновски, Никола Ристовски, Ненад Нацев, Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ.  Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, а директор на фотографија е Тамаш Добош.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.