Во 2021 година, еден од приоритетите ќе биде и спроведување на пописот на населението, соопшти премиерот Зоран Заев
„Пописот ќе чини 8,5 милиони евра, или пет милиони помалку од пропаднатиот попис во 2011 година“, рече Заев.
Премиерот е уверен дека после 17 години ќе имаме попис.
„Во Северна Македонија нема попис 17 години. Пописот ќе се спроведе не затоа што сака Заев, ниту дека бара Мицкоски, туку поради тоа што е важно за развој на државата“, вели Заев.