НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот трибунал за воени злосторства отвори дилеми за Косово

0
By Нова ТВ on April 9, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

текстот е преземен од BalkanInsight

Европската унија побара од холандската влада да му помогне на специјалниот тим на ЕУ во можните кривични постапки, кога истрагата што се води околу наводите за трговија со органи, ќе заврши.

Холандскиот министер за надворешни работи, Франс Тимерманс, минатата недела го информира парламентот за ова барање за асистенција, која треба да биде реализирана кога специјалниот истражен тим на ЕУ, СИТФ, ќе ја заврши својата истрага во врска со наводните воени злосторства и во врска со тврдењата содржани во извештајот на Советот на Европа од декември 2010 година, а кој го поднесе специјалниот известувач, Дик Марти.

Во писмото на министерот, до кое БИРН дојде, се вели дека ЕУ сé уште преговара со Косово за модалитетите на кривичните постапки.

Тимерманс вели дека „сé уште не е јасно која ќе биде точната улога на Холандија“, но, она што е познато е дека ќе бидат вклучени „многу ограничен број на случаи во ограничен период на време“.

Според министерот, новиот суд нема да биде „меѓународен трибунал за Косово со седиште во Холандија“, туку специјален трибунал, и дека само некои постапки ќе бидат водени во Холандија, во кои „може да виде вклучено, сослушувањето на сведоци“.

Во писмото стои дека Холандија ќе ја обезбеди помошта што од неа ја бара ЕУ, „со оглед дека тоа ќе биде единствено искуство за Холандија, во рамките на меѓународната јуриспруденција“.

Сепак, холандската поддршка е условена со исполнување на „највисоките стандарди на меѓународното кривично право и стандардите што ги гарантира Европскиот суд за човекови права“.

„Косовските власти, во соработка со ЕУ, треба да ги исполнат овие два услова“, истакнува министерот.

Специјален суд во мандат на ЕУЛЕКС

Европската унија и САД, моментално со Косово преговараат околу мандатот на судот, за кој извор на БИРН во ЕУ, вели дека ќе биде интегриран во правниот систем на Косово, со посебен статус.

Сепак, рочиштата ќе се одржуваат во странство, а судиите, обвинителите и другиот персонал, ќе бидат меѓународни.

БИРН дознава дека веднаш по завршувањето на консултациите, ЕУ и Косово ќе разменат писма за продолжување на мандатот на Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС, кој истекува на 14 јуни. Во писмата ќе се прецизира формирањето на специјален суд, кој ќе биде задолжен само за процесирање на обвиненијата поднесени од СИТФ.

Анонимни извори на БИРН во Европската унија, велат дека мандатот на судот, ефективно ќе биде базиран на извештајот подготвен од Марти.

Сé уште не е јасно дали новиот Трибуналот ќе се справува со прашањето за трговија со органи, но, она што е познато е дека тој ќе се занимава со прашањето за киднапирање и депортација на околу 500 лица, претежно Срби, кои исчезнаа по конфликтот во Косово, кој заврши во јули 1999 година.

Во извештајот на Марти се тврди дека поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово, ОВК, припадници на т.н. “Дреничка група“, меѓу кои и сегашниот косовски премиер Хашим Тачи и актуелниот пратеник Шаип Муја, ја воделе мрежата на организиран криминал, како и ад-хок мрежата на затвори на територијата на Албанија.

Според извештајот, тие им ја одредувале „судбината на затворениците притворени во овие објекти“. На некои припадници на “Дреничката група“, веќе им се суди за воени злосторства, но, Тачи и Муја не се соочија со ниту едно од обвиненијата содржани во извештајот на Марти.

Тие, во меѓувреме, ги негираа обвинувањата во извештајот.

Кристофер Ламонт, доцент на холандскиот универзитет во Гронинген, вели дека новиот суд „ќе обезбеди форум, со кој некои истраги започнати од МКТЈ, ќе можат да продолжат“.

„Иако претпоставката беше дека кога МКТЈ ќе ги затвори своите врати, неговата работа ќе ја продолжат локалните судови, сепак низ цела поранешна Југославија ова се покажа како редок случај“, изјави тој за БИРН.

Дејвид Филипс, од Институтот за студии на човековите права при Универзитетот Колумбија, се согласува дека процесирањето на воените злосторства останува проблематична област за националните судови.

„Новите држави на Балканот немаат ниту капацитет, ниту политичка волја да ги истражат наводните воени злосторства, особено кога наводните сторители се на власта или блиски до владата“, изјави тој на БИРН.

Трибуналот бара законски измени

СИТФ работи во рамките на косовскиот правен систем и во согласност со законите што се применуваат во Косово. Трибуналот ќе треба да работи на истиот начин.

Но, ова ќе бара некои законски измени во Косово.

Нора Ахметај, директор на Центарот за истражување, документирање и публикација, со седиште во Косово, вели дека на маса се неколку опции.

Првата опција е, претседателот на Косово да иницира измени на Уставот на Косово, кои ќе овозможат формирање на Трибуналот.

Претседателката Атифете Јахјага, во петокот изјави дека „косовските институции ја покажале својата подготвеност да соработуваат со меѓународните партнери“ и го увери Џонатан Мур, директор на одделот на американскиот Стејт Департмент одговорен за јужна и централна Европа, дека „Косово покажало храброст и способност за лидерство во справувањето со минатото“.

Втората опција, според Ахметај, е ЕУ и Косово да потпишат документ, кој „потоа ќе биде ратифициран од косовското собрание“.

Таа вели дека во опциите влегува и можноста, претседател на парламентарна група или група пратеници, да предложат пред Собранието закон за формирање на ваков трибунал.

„Собранието потоа ќе дебатира и/или ќе гласа за или против законот за Трибуналот…(иако) знаејќи ја динамиката на интересите на различните група во Собранието, се сомневам дека ова ќе оди без проблеми…без надворешен притисок“, истакна Ахметај.

Неколку дипломати за БИРН изјавија дека ЕУ и САД го зголемуваат притисокот врз косовскиот парламент, кој треба да даде согласност за формирање на трибуналот.

Сепак, Јакуп Красниќи, претседател на парламентот и поранешен секретар на ОВК, предупреди дека секоја одлука за формирање на нов трибунал или за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС, мора да биде одобрена со двотретинско мнозинство гласови на пратениците.

Некои пратеници остро се противат на ваквата идеја, почнувајќи од пратениците на националистичкото опозициско движењето Самоопределување (Ветевендосје).

„Формирањето на ваков трибунал, ќе им нанесе штета на националните интереси на Албанците, најмалку во следните две години“, изјави Глаук Коњуфца, пратеник на Самоопределување.

„Во меѓународните медиуми, Албанците нема да бидат портретирани како борци за слобода, туку како лица вмешани во сомнителни кривични дела, како што е трговијата со органи“, додава тој.

Ардиан Ѓини, од опозициската Алијанса за иднината на Косово, ААК, се согласува дека формирањето на ваков трибунал, претставува дилема за Косово.

„ААК не преферира формирање на ваков трибунал. Косово беше жртва во војната. Но, ние сега мора да одлучиме дали ваков трибунал ќе биде формиран или не, или ќе му оставиме на Советот за безбедност на ООН да го стори тоа“, рече Ѓини.

Токму ова, според Ахметај, е уште една можна опција, работите да му се препуштат на Советот за безбедност на ООН.

„Доколку парламентот на Косово не гласа за формирање на ваков трибунал, прашањето автоматски се префрла на Советот за безбедност на ООН, кој, врз основа на Резолуцијата 1244, ќе изнајде начин за негово формирање“, истакна таа.

„Ова би можело да има и други политички импликации, бидејќи косовските власти не би сакале формирањето на овој трибунал, да оди преку Советот за безбедност на ООН, бидејќи тоа би било штетно за Косово“, заклучува таа.

Заштитата на сведоците како проблем

Според извори на БИРН, една од причините зошто ЕУ реши да изнајде решение надвор од Косово, е проблематичната состојба со заштитата на сведоци во оваа земја.

Во чувствителните случаи за воени злосторства пред Хашкиот трибунал, но, и оние пред судовите на ЕУ во Косово, сведоците често ги менуваа своите сведоштва. На некои им беа упатувани закани, а некои беа дури и убиени.

Ахметај се согласува дека немањето соодветни мерки за заштита на сведоци, неизбежно ќе значи оти некои „чувствителните постапки, како што е сослушувањето на сведоците, нема да се случуваат во Косово “. Меѓутоа, седиштето на судот, и покрај тоа, треба да биде во Косово, вели таа.

Во судот ќе биде ангажиран меѓународен персонал, бидејќи ЕУЛЕКС веќе изрази загриженост дека локалните судии во Косово не се подготвени да се справат со чувствителните случаи.

Имено, во заедничко писмо, 17 судии на ЕУЛЕКС велат дека меѓународните адвокати треба да ја задржат водечката улога во случаите на воени злосторства, организиран криминал и случаите на корупција во Косово, наместо, ова лето, надлежностите да бидат предадени на локалните судии, како што беше предложено.

„Веруваме дека сé уште не е достигната фазата во која посложените и многу осетливи случаи, како што се случаите на воени злосторства, корупција и организиран криминал, можат целосно да му бидат предадени на локалното судство“, се вели во писмото на судиите, кое во јануари му беше испратено на шефот на извршната единица на ЕУЛЕКС, Матс Матсон.

Досега, ЕУЛЕКС има процесирано само 15 случаи поврзани со воени злосторства.

„Ако меѓународната заедница инсистира ваквиот суд да биде составен само од меѓународни претставници, инсистира жалбениот совет да биде составен само од меѓународни претставници, тогаш ова, генерално зборува за довербата во косовското судство“, изјави Ахметај.

„Формирањето на овој суд го гледам како двојна шлаканица, не само за судството на Косово, туку и за ЕУЛЕКС, исто така. Значи, правосудниот систем на Косово не успел да обезбеди правда“, изјави Ахметај за БИРН.

Ламонт се согласува, нарекувајќи го новиот трибунал „израз на целосна фрустрација поради неможноста на локалните судови, дома да ги гонат тешките случаи.

„И покрај напорите на меѓународната заедница, па дури и на МКТЈ, да изградат капацитет кај локалните судови, отсуството на политичка волја да се истражат и гонат високопрофилираните случаи, значи дека истрагите кои се политички проблематични, од гледна точка на потенцијално таргетирање на некој што е на ваша страна во конфликтот, не е приоритет за локалните судови“, заклучува тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.