Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новите Совети во МРТВ и АВМУ ќе се бираат најверојатно по претседателските избори

0
By Соња Петрушевска on December 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог Законот за аудио визуелни медиумски услуги конечно ќе се најде и на собраниска седница, откако цели десет месеци беше заглавен во Комисијата за транспорт и врски. ВМРО ДПМНЕ поднесе 60 амандмани, но расправата по нив одеше бавно поради долгите дискуии на пратениците од опозицијата.
Во меѓувреме власта и опозицијата успеаа да се договорат и денеска за само неколку часа на Комисијата за транспорт и врски помина расправата по најголем дел од амандманите.

„По подолго време конечно имавме конструктивна дебата. Имаме шанса за реално подобрување на состојбата во медиумите и состојбата во МРТ и да ги надминеме времињата кога имавме сериозни проблеми со медиумите и демократијата во Македонија“ изјави министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски.

„ВМРО ДПМНЕ не сака да биде окарактеризирана како кочничар на реформите кои треба да се направат во медиумите, даваме можност законското решение да биде имплементирано со тоа што дел од нашите зебелешки кои беа потенцирани во јавната расправа беа прифатени“ рече Лилјана Затуроска пратеник од ВМРО ДПМНЕ и претседател на Комисијата за транспорт и врски.

На предлог на ВМРО ДПМНЕ во новиот Закон е пролонгиран рокот за избор на нови членови на Советот на МРТВ – огласот за пријавување на кандидати ќе трае 30 дена, по што ќе следува и  нов рок од 30 дена за избор на кандидатите. Ова остава простор изборот на нови членови на Советот на МРТВ да се случи дури по претседателските избори, кој треба да се одржат во март.

Министерот Манчевски за НОВА кажа дека кога ќе биде изборот на нови членови на Програмскиот совет на МРТВ ќе зависи од тоа кога Собранието ќе го објави огласот за нови членови, но теоретски е можно новиот состав да се избере по изборите.

Новите членови на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТВ ќе се бираат со двотретинско мнозинство во Собранието.

Постапката за избор треба да биде транспаретна и кандидатите својата програма ќе ја презентираат на јавна комисиска расправа на која ќе бидат поканети новинарски и невладини организации.

Советот на јавниот сервис кој е избран од претходниот парламентарен состав во февруари му доверија нов мандат на Марјан Цветковски кој ќе остане на чело на МРТ сѐ додека не се донесе новиот закон за аудио и аудиовизуелни услуги. Истото важи и за Советот на МРТ, како и за директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги Зоран Трајчевски и за Советот на оваа институција, на кои мандатот би им престанал со донесувањето на новиот закон, кој предвидува сосема поинакви услови за избор на раководните функции во медиумската сфера.

Тие треба да се партиски независни – во изминативе 10 години да не биле партиски членови, да не извршувале каква било партиска функција и да имаат  работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, информатиката. Од Здружението на новинари ги подржуваат овие критериуми за избор за да не се повторуваат ситуации како што имавме во минатото кога портпароли на партии или партиски функционери беа членови на Советот на МРТВ и на АВМУ. Сепак, конечна оценка ќе дадат  кога ќе го видат финалниот текст на Законот.

„Ако остане истиот текст кој беше подржан од ЗНМ, ние ги подржуваме и ги охрабруваме процесот да заврши побрзо, но претходно треба да го видиме, треба да сме  претпазливи да не се вметнати одредби кои не ни одговораат“ изјави за НОВА Драги Секуловски, директор на ЗНМ.

Јавниот сервис во претходните години, беше критикуван за необјективност и за пристрасност кон поранешната владејачка гарнитура на чело со ВМРО-ДПМНЕ. За тоа како работеше МРТВ во изминатата деценија прочитајте во истражувањето на следниот линк.

Јавниот сервис МРТВ- симбол на пропагандно оружје

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.