Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ново раководство на Американската стопанска комора во Македонија

0
By Нова ТВ on October 24, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јелена Арсовска, Михаел Солтер и Драган Давитков се новите членови на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија).

Тие се избрани на 19. годишно Генерално собрание на кое присуствуваа претставници од 85 компании, членки на Комората.

Настанот го отвори претседателот на Одборот на директори, Љупчо Георгиев од „Мајкрософт“, нагласувајќи дека деловниот сектор треба да има можност континуирано да дава препораки и коментари за предложени измени во законодавството, како и да разговара со креаторите на политики за идеи кои би ја подобриле регулативата и би го зајакнале деловното опкружување.

Официјално обраќање имаше и амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мери Брнс, која ја нагласи улогата на АмЧам во делот на заземање за деловната заедница. Укажа и на важноста од учеството на бизнис заедницата во демократските случувања и промени во земјата, како и можноста за напредок, интеграција, проширување на пазарот и зголемување на транспаретноста и предвидливоста на бизнис политиките. Таа ја посочи и важноста на борбата против корпуцијата и владеењето на правото како главни двигатели и на општествениот и на економскиот прогрес.

Според извршната директорка на АмЧам Македонија, Дијана Десподов, која го презентираше извештајот за реализираните активности и проекти во изминатите 12 месеци, забележано е зголемување на бројот на членки за 10 отсто во однос на минатата година. Десподов истакна дека годинава се одржале вкупно 61 состанок со владини претставници и креатори на политики со цел зајакнување на деловното опкружување и подобрување на регулативата.

АмЧам Македонија ја сочинуваат 136 компании од различни сектори и индустрии чии членки се посветени на зајакнување на гласот на меѓународниот бизнис во Македонија, промоција на одржлива, предвидлива и конкурентна бизнис средина, како и општествена одговорност на компаниите. Членките на АмЧам имаат вкупен годишен обрт од четири милијарди евра и вработуваат 40.000 граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.