Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новоизбраните судии во Апелациониот суд Скопје дадоа свечена изјава пред Судскиот совет

0
By Marija Todorovska on January 18, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новоизбраните судии во Апелациониот суд Скопје дадоа свечена изјава пред Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Судскиот совет на седница на 15 ноември ги избра Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани за судии од кривична област и Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани за судии од граѓанската област во Апелациониот суд Скопје.

Ова беше прв избор за второстепен суд спроведен врз основа на методологијата, изработена согласно новиот закон за Судски совет. Сепак, по изборот имаше низа реакции од експертската јавноста, кои реагираа за субјективност и не водење на членовите по конечната ранг листа при изборот, како и за примената на бадентеровиот принцип.

Судијката Оља Ристова, од Кривичниот суд Скопје, која не беше избрана иако беше треторангирана на конечната ранг листа и доби осум гласа „за” и четири „против”, но не го доби потребното мнозинство по Бадентер, каде доби два гласа „за” и три „против”, реагираше дека изборот е спроведен без почитување на ранг листата и со прескокнување на повисоко рангираните кандидати без никакво образложение, за што поднесе и тужба пред Врховниот суд.

На огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четири судии за граѓанска област и 24 кандидати за четири судии од кривична област.

Седницата за избор на апелациони судии беше во време кога со Судскиот совет претседаваше Сашко Георгиев, кој дојде на местото на Весна Дамева, која беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд, кој со пресуда во јануари годинава ја поништи одлуката. На седница на Судскиот совет на 3 јануари годинава Сашко Георгиев си поднесе оставка од функцијата, а на претседателското место во Судскиот совет повторно се врати Весна Дамева.

Долгиот временски период (повеќе од две години) потребен на Судскиот совет за избор на судии во повисок суд, беше посочен и во Извештајот на Европската комисија.

првостепен суд свечена изјава судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.