„Со оглед на тоа што зеленилото се уништува за да се изгради државен објект, НСДП ја повикува Владата на Република Македонија да го одложи извршувањето на проектот, а со тоа на Општина Центар да и се остави време да организира референдум на кој граѓаните на Центар јасно ќе ја изразат својата волја и ќе го направат својот избор на еден демократски начин“, велат од НСДП.
Според нив референдумот е најдемократскиот начин граѓаните да се изјаснат дали сакаат зеленило или барокни згради во нивното место на живеење.