Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НУК: Протестите не се соодветен начин за изразување незадоволство во услови на пандемија

0
By Нова ТВ on April 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Независната угостителска комора (НУК) целосно стои зад барањата и забелешките на угостителите и туристичките субјекти, но останува резервирана околу простестите, со забелешка дека во услови на пандемија не се најсоодветен начин за изразување незадоволство.

Тоа е епилогот од денешната средба во Охрид на претставниците на НУК, предводена од претсеадалот Здравко Јосифоски, со претставнците на здружението на угостителите „Охридски еснаф“ и претседатели на повеќе здруженија на угостители од земјата, во врска со нивните барања и протестот на угостителите и туристичките работници најавен за утре во Скопје.

Покрај утрешниот протестен собир што беше главна точка на дискусија, на средбата беа разгледувани и неколку прашања што се однесуваат на дејноста во овие вонредни околности наметнати од коронавирусот, најмногу на процесот и начините за доделување на националниот сертификат и печат „Clean&Safe“ (Чисто и безбедно), како и обврските и одговорностите кои произлегуваат од добивањето на меѓународниот сертификат за „Safe Travels“, за која е добиено овластување од Министерството за економија.

Првиот објект со издаден таков сертификат во земјата е хотелот „Су“ од Охрид, како гаранција дека објектот се придржува кон нормите и препораките на СЗО и националната Комисија за здравство.

Угостителите иа туристичките работници од Охрид, и на национално ниво остануваат зад ставот за потребата од нивна директна вклученост во донесувањето на сите одлуки, препораки и протоколи за работа во актуелните новонастанати услови.

Охридските угостители се свесни за реалноста од светската епидемија, но со мислење дека постои потреба од нивно вклучување во донесувањето одлуки за начинот за справување со кризата во браншата, што произлегува од нивната непосредна вклученост во проблематиката.

– Сметаме дека со учество во дискусиите со надлежните институции, па и при донесувањето соодветни мерки можеме да придонесеме за подобро справување како со епидемијата така и во намалувањето на негативните последици по браншата. Дури и кога се бара помош од некого, во случајов државата, тоа треба да биде основано, конкретно помошта да биде насочена во оној дел каде е најпотребна, истакна претседателот на „Охридски еснаф“, Михаил Мишев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.