Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НВО:Маслото од канабис не е за болните туку за бизнис

0
By Менче Атанасова Точи on June 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се остварија предвидувањата дека маслото од канабис не е наменето за пациентите, туку за бизнис и во политички цели. Маслото е скапо за да можат граѓаните да си дозволат да го купат. Ова се првичните реакции на невладиниот сектор, за кој освен високата цена на маслото кое се појави во слободна продажба, постојат многу дилеми околу она што граѓаните ќе го добијат и тоа што стои во законот.

Во Коалицијата за сексуални и здравствени права бараат да престанат злоупотребите за медицинската употреба на канабисот во политички цели и фаворизирањето на финансиски моќни правни лица кои го контролираат пазарот со лекови и производи од коноп.

Тие се фрапирани од сознанието дека македонскиот коноп кој е надалеку прочуен по своите својства нема да се одгледува и произведува од фармацевската компанија Реплек која доби дозвола да го произведува.

„Маслото е увезено, тоа е суровина која потоа се раствара тука. Во Македонија расте идеален коноп, а ние увезуваме од Австрија, Словенија и Холандија. Во компанијата се изјаснија дека немаат намера да земаат лиценца и да го одгледуваат и произведуваат домашниот канабис “, изјави Жарко Трајановски, советник за човекови права во СЗПМЗ.

Маслото кое се појави деновиве во аптеките, а може да се купи без лекарски рецепт(со 5 и 7 проценти СБД) се продава по цена од 2500 денари, односно 2800 денари.

Една од главните забелешки на невладината ХОПС при носењето на законот беше дека, законот не овозможува лековите да бидат широко достапни поради високата цена. Сега  ќе можат да си ги дозволат само финансиски моќни граѓани.

„Во очекување на маслото кое ќе содржи THC, уште еднаш го повикуваме Министерството за здравство да ги прифати предлозите на ХОПС и производите од канабис да бидат ставени на листата на лекови кои ќе бидат покриени од буџетот на Република Македонија. Само на тој начин тие ќе бидат достапни за сите граѓани“, велат од ХОПС.

И во Зелена алтернатива сметаат дека цената е многу висока за да можат граѓаните да си дозволат да го купуваат.

„Цената е висока заради тоа што нема конкуренција, треба да се дозволи други правни лица да влезат на пазарот. Се надеваме дека Министерството за здравство нема да дозволи монопол. Но, бидејќи препаратот е скап, наш став е производителите кои ќе влезат на пазарот да се договорат, децата да можат да го добиваат бесплатно“, велат во Зелена Алтернатива.

Но, не само маслото кое во себе има хранлива вредност и се користи како додаток во конвенционалната терапија, туку и екстрактот со над 2 посто ТХЦ, а е наменет за четири тешки дијагнози и ќе оди исклучиво на рецепт граѓаните ќе го плаќаат од свој џеб.

Засега не се знае колкава ќе биде цената на ова масло за медицинска употреба. Во Агенцијата за лекови велат дека цената ќе биде регулирана од Министерството за здравство и ќе биде иста во сите аптеки. Пациентите нема да го добиваат бесплатно освен, ако не се дел од некоја клиничка студија, велат во Агенцијата.

„Законот дозволува клинички студии, а пациенти кои користат масло од канабис и бидат дел од клиничка студија маслото ќе го добиваат бесплатно“, велат во Агенцијата за лекови.

Во Коалицијата за СЗПМЗ бараат да се донесе посебен закон за употреба на канабисот за медицински и други цели кој ќе ги има предвид спецификите на растението и бројните студии за ефектите од употребата што ќе овозможи лесен пристап до евтини лекови (вклучително и масло од коноп), како и можност за сопствено одгледување за оние пациенти што не се во состојба да ги купуваат лековите.

Во Коалицијата сметаат дека канабисот за медицинска употреба треба да го има во различни форми (за пушење, за вапоризирање, во капсули, за јадење, во форма на масло од канабис) и да не се изедначува одгледувањето и производство на коноп со одгледувањето и производство на афион бидејќи законските услови и ограничувања обесхрабруваат. Исто така бараат да не се ограничува препишувањето на лековите од коноп само во неколку специјалистички медицински гранки и само од страна на специјалисти вработени во јавното здравство.

Екстрактот од маслото од канабис ќе се употребува по препорака на специјалист. На почеток ќе се користи за третман на хронична болка, кај карцином, мултипла склероза, некои типови на епилепсија и кај болни од ХИВ за зголемување на имунитетот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.