Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НВО-та немаат ниту информации ниту комуникација со власта

0
By Биљана Секуловска on January 27, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 27, 2013 17:11


ОВОЈ ТРАНСКРИПТ МОЖЕ И ДА НЕ Е ФИНАЛНА ВЕРЗИЈА И ТАА МОЖЕ ДА БИДЕ ОБНОВЕНА.

Секуловска: Како може невладините да се вклучат во имплементирање на европските реформи?

Хафнер- Адеми: Во моментов тешко, во смисла на имање на некакво големо влијание. Вчера во Скопје се одржа работилница, на која мојата мрежа, мојата организација се поврза со една друга организација- за европски политики, бидејќи планираме активности во истата насока. Еден од клучните панели беше да разговараме, да ја прашаме вице-премиерката каде стоиме невладините со новиот ХЛАД (Пристапен дијалог на високо ниво, моја заб.), но за сега немаме никакви покани, отворени врати или пак никакви информации што се случува. Веројатно се случува, веројатно луѓе задолжени за ова спроведуваат некакви активности, но ние како организации немаме никаков увид, ниту пак никаков пристап до тие процеси и тие информации.

Секуловска: Како е можен излез од ваква криза кога невладините како во случајот со Македонија немаат никаква комуникација, постои политички бојкот на опозицијата.

Бунтиќ- Пејаковиќ: Во принцип, единствен начин е да се продожи да се работи и да се притиска. Надвор од тој притисок нема начин. Мислам дека, колку што сфатив, Македонија е оптоварена со пат позиција во тој цел систем и тоа веројатно уште повеќе им отежнува на другите политички актери за да се вклучат во дијалогот, кој сите настојуваат да го заобиколат. Каков е излезот? Како рече и колешката, да се соработува- во цивилниот сектор нема без соработка. Колку сме повеќе, толку сме посилни. Колку што сме појасни и погласни, толку сме и посилни. Еден од излезот е во соработка на цивилниот сектор и поголем притисок.

Секуловска: Имате ли комуникација со г-ѓа Теута Ариифи, г-ѓо Хафнер-Адеми?
Хафнер – Адеми: Секако, што седниците на националниот советот (за евро-интеграции, моја заб.)

Секуловска: Сега, откако се замрзнати сосема позициите?

Хафнер- Адеми: Не како претставник на националниот совет, меѓутоа вчерашната работилница. Вчера излезе во дебатата (на Конференцијата на невладините, моја заб.) во Македонија дека еден од клучните проблеми е проблем со достап на информации. Да се знае воопшто што е процесот, што се бара во моментот од нас, што Европската комисија бара од Македонија после Европскиот Совет. Ние не знаеме. Ние знаеме дека амбасадорот, мислам дека пред неколку недели кажал во едно интервју дека се очекуваат четири подрачја да бидат клучни во ХЛАД. Меѓутоа, повеќе од тоа не знаеме. Не знаеме дали нашите институции не знаат. Едноставно немаме пристап, а тоа е основа.

Секуловска: Ниту пристап на информации, ниту комуникација.

Хафнер-Адеми: Да. Тоа е еден од клучните проблеми, секако во процес на преговори, како што вчера го сподели Жељана, затоа што секогаш се тоа сокриени, делумно таинствени, дипломатски односи, меѓу Брисел и политичката елита, меѓутоа мислам дека кај нас таа ситуација веќе е преку граници на добар вкус, ако сакате. Бидејќи со немање достап на информации, со немање одговори и фид-бек од институциите има проблем секој граѓанин на секој чекор.

Бунтиќ- Пејаковиќ: Она што го сметам клучно за вклучување на цивилното општество во процесот на преговори е потполна јавност на т.н бечмаркови за отворање на преговорите. Тоа е единствениот начин на кој ние како граѓанско општество можеме да мониторираме дали некои работи се исполнети. Ако знаеме какво е мерилото, можеме да кажеме- тоа не е доволно, за целиот состав на тоа демократско начело да биде спроведлив. Земјата мора да има основи на партиципаторна демократија. Прво, да се осигура закон за право на пристап на информации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.