Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“O sole mio” – печатот на наполитанските песни

0
By Нова ТВ on August 2, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Михаил Мице Бошковски

Наполитанската песна во Италија има долга традиција. Се негува со векови наназад, но нејзината поконкретна организирана промоција пред публиката се случува во 1830 г. кога во Неапол се одржува првиот фестивал на наполитански песни на кој победил славниот композитор Гаетано Доницети (1797 – 1848), со песната „Te voglio bene assaie“.

Овие песни со препознатлива карактеристика на медитеранска звучна слика со текстови пишувани исклучиво на неаполскиот дијалект, полека се пренесуваат и на северно-американскиот континент од многубројната италијанска емиграција, која се случува кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.

Еден од оние што најмногу ги популаризирал, не само во Америка, туку и во целиот свет е славниот оперски тенор Енрико Карузо (1873 – 1921), кој уште во 1904 г. е прв тенор на Метрополитен операта во Њу Јорк. А како и секој оперски тенор, задолжително на својот репертоар ги имал и најпознатите наполитански песни.


Енрико Карузо, оперски тенор

Втор оперски тенор што уште повеќе ја популаризирал наполитанската музика во САД е Марио Ланца, роден во годината кога починал Карузо 1921 г. како Алфред Арнолд Кокоца во Филаделфија, во италијанско семејство. Умира во Рим во 1959 г. Мариo Ланца покрај оперски пејач, станува и голема филмска ѕвезда.

Меѓу многуте филмови што ги снимил, тој ја игра главната улога и во филмот „Големиот Карузо“, играјќи го неговиот лик (1951). А кога еден филм, музика, песна или пејач се популарни во САД, тогаш преку моќните филмски и дискографски компании тие се презентираат низ целиот свет.

Постојат повеќе популарни наполитански песни. Но, ако треба да се набројат неколку кои се најчесто снимани од познати тенори, тоа секако се:„ Santa Lucia“, „Torna a Surriento“, „Maria Mari“, „Luna rossa“, „Cuore n’grato“ и без конкуренција најпопуларната и најпозната италијанска песна воопшто „O sole mio“ („Сонце мое“).

Оваа песна датира од 1898 г. Автор е Едуардо ди Капуа роден во Неапол во 1865 г. Студирал музика, но морал да ги напушти студиите за да го придружува на турнеи неговиот татко, кој во тоа време бил успешен музичар и пејач. Уште како млад почнал да компонира, но својата најуспешна песна ја создал далеку од својот роден град Неапол и далеку од својата земја Италија.


Едудардо ди Капуа

Инспирацијата за песната ја добил во денешна Украина, поточно во Одеса, на Црно Море. Таму, по една турнеја, во миговите на одмор и носталгија за родниот крај, ја создал својата најпозната песна. Кога се вратил во Неапол, песната ја комплетирал со стиховите на Џовани Капуро, роден исто така во Неапол во 1859 г., кој бил талентиран за поезија и музика.

Едно време работел како новинар, а одлично свирел клавир и пеел. За жал не почувствувал никаква благодет од својот најдобар текст. Умрел во голема сиромаштија во Мексико Сити во 1920 г.

Истата судбина му се случи и на ди Капуа, кој исто така умира во сиромаштија во 1917 година во Милано. Инаку, тој бил страствен играч на игри на среќа, па чекајќи ја „главната премија“, загубил се. А од „O sole mio“ заработил само 25 лири како откуп од издавачот.

Од 2004 г. фигурира уште еден, трет автор, откако судот во Торино пресудил дека извесен Алфредо Мацуки (1878 – 1972), за кој досега се сметаше дека играл периферна улога во создавањето на песната, имал доволно удел во авторството за да биде прогласен за коавтор на сите 18 песни на ди Капуа. Па така, според важечките италијански закони за авторски права, иако Мацуки е умрен во 1972 г., важноста на неговото авторство е продолжено до 2042 г. До тогаш сите приходи од авторството, ќе им припаѓаат на неговите наследници.

„O sole mio“, како многу популарен хит во САД, во неколку наврати е преведуван на англиски јазик. Прв кој имал голем успех со англиски текст („There’s No Tomorrow“ – бр. 2 на американската хит парада), е пејачот и актер Тони Мартин кој умре во 2012 г. на 99 години.

Сепак, најголем успех со англиски текст има Елвис Присли (1935 – 1977), но со сосема нов текст и наслов „It’s Now Or Never“. Во периодот кога се одлучил да ја сними (1960 г.), Елвис Присли престојува во Европа, поточно во тогашна Западна Германија како американски војник. Синглот доживува планетарен успех. Девет недели е бр. 1, а се смета дека e најпродаван сингл на Елвис Присли кој достигнал тираж од преку 25 милиони копии.

„O sole mio“ е заштитен знак на Италија како држава, бренд сјаен како сонцето кој и после повеќе од 100 год. се слуша со истата страст бидејќи ја има истата енергија како сончевата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.