Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за меѓусебната разузнавачка соработка, соопшти Белата куќа. Во соопштението е наведува дека Обама рекол дека поблиску ќе комуницираат за да се подобри соработката.
Тоа е првата дискусија меѓу двајцата лидери откако Германија го протера шефот на канцеларијата на ЦИА во Берлин како реакција на веста дека двајца Германци шпионираат за Вашингтон.
Разговорот меѓу Обама и Меркел се одржа во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, на кој се очекува лидерите од 28-те земји-членки да го разгледаат затегнувањето на санкциите против Русија поради нејзината улога во дестабилизирањето на Украина.