Американскиот претседател Барак Обама упати апел до Британија да остане во ЕУ. Тој по средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон и британското кралско семејство истакна дека САД сакаат Велика Британија да им биде силен партнер и земјата е најдобра кога е лидер на силна Европа. Обама кој е загрижен оти излегувањето на Британија од ЕУ ќе го ослабе западот и НАТО нагласи и дека земјата има повеќе влијание како членка на блокот.